Ијасент Риго: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна промена
с ситна промена
Ред 10:
Риго бил најважниот сликар на [[портрет]]и за време на владеењето на кралот [[Луј XIV]]. Неговиот инстинкт за импресивни пози и величенствени претставувања точно се совпаѓал со вкусовите на неговите клиенти - кралски семејства, амбасадори, свештеници, дворјани и финансиери.
 
Во неговите слики со голема прецизност ги доловувал ликовите, облеката и позадинските детали, па затоа неговите слики се сметаат за точни сведоштва за тогашната мода и стил на облекување. Риго бил мајстор на [[Барокна уметност|барокниот стил]]. Неговото најпознато дело е портретот на кралот [[Луј XIV]] (1701) кој денес е сместен во [[Лувр]], [[Париз]], како и втор примерок од истиот портрет, исто така порачан од кралот, кој денес краси еден од ѕидовите во [[Версајски дворец|Версај]].<ref>[http://www.chateauversailles.fr/en/un_chef_d_oeuvre_35.php Откриено во Версајскиот дворец: културна понуда на Версајскиот дворец] {{en}} {{fr}}</ref>
 
Во [[1709]] тој бил прогласен за благородник од страна на неговиот роден град Перпињан. Во [[1727]] бил прогласен за витез со орден на [[Ред на Свети Михаил|Редот на Свети Михаил]].