Слепченски манастир (Демирхисарско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 30:
Манастирот “Св. Јован Претеча” e eден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во областа [[Железник]] и пошироко, кој се наоѓа под падините на планината [[Илинска Планина|Илиница]], над селото [[Слепче (Демирхисарско)|Слепче]]. Се претпоставува дека манастирот е изграден во XIV век со директна помош од [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Благодарение на соработката низ вековите на книжевно и уметничко поле со кратовските манастири и Охридската архиепископија, во Слепчанската школа се создадени врвни уметнички дела од сликарството, резбата и книжевноста, кои се од непроценлива вредност за македонската и за славистичката наука. Поволната географска положба, материјалното богатство, манастирските конаци и помошните згради, овозможувале овде да најдат свое гнездо свештениците, учителите, уметниците и книжевниците. Во манастирот Слепче работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите. Низ нивните редови ги откриваме свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште. Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на Слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале Богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: "Слепчанскиот апостол" од XII век, "Слепчанскиот писмовник" од XVI век, кои се пренесени во [[Русија]]. Манастирот Слепче во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-Прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери (оштетени од пожарот 1972) како и интересните певници изработени во копаница.
 
Во некои извори се спомнува дека манастирот е изграден во 1010 година, односно пред познатата битка помеѓу македонскиот цар Самоил и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на [[Беласица]] во 10401014 година и завршила со трагичното ослепување на самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име.
 
Науката претпоставува дека манастирот постоел пред XIV век, потпирајќи го своето мислење врз податокот дека во 1393/34 година, во него е препишан еден триод на црковно-словенски јазик. Но, првпат конкретно манастирот се споменува во 1543 година, во едно писмо на протопопот Лука. Во манастирот се развила препишувачка школа каде се препишувале богослужбени книги на црковно-словенски јазик. Јеромонахот Пахомије го препишал минејот за месец јуни во 1547 година, а истата година јеромонахот Висарион од дебарско вршел препис на “Поученијата на Кирил Јерусалимски” на македонско-словенски јазик. Препишувањето продолжило и во 1546, 1549 и 1553 година. За историјата на манастирот постојат извори што кажуваат дека Косара, ќерката на цар Самоил, му подарила на манастирот имот во [[Елбасан]] - [[Албанија]], а според едно предание, во 1881 година, во манастирските простории бил одржан демирхисарскиот конгрес на кој присуствувале делегати од цела Македонија. Манастирот бил прибежиште на многу македонски револуционери од времето на турското ропство и НОВ. За време на турското ропство, манастирот бил културно-просветен центар каде се подготвувале свештеници и учители на словено-македонски јазик. Историјата го памети манастирот и како центар во кој постоела уметничка резбарска школа, како и болница за нервно болни, што се чита од натписот на манастирската чешма.