Стоби: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
ne e urban nego kurban
Ред 11:
[[Податотека:Stobi izgled.png|thumb|upright=2|Стоби - археолошки план]]
[[Податотека:Stobi od vozduh, 1930-te.jpg|thumb|300px|right|Стоби, фотографирано од воздух во 1930-те години]]
'''Стоби''' — древен град кој со својот урбанkurban дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон [[Црна Река]], опкружени со [[ѕид]]ови, а на устието меѓу Црна Река и [[Вардар]]. Археолошкиот локалитет Стоби е со површина од 1.600 [[Квадратен метар|квадратни метри]].<ref>„Мозаикот од 4 век поставен повторно во Стоби“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 14.</ref> Познато е дека тука минувале главните патишта кои ги сврзувале областите на преден [[Дунав]] со [[Средоземје|средоземните]] земји, уште од [[Праисторија|предисторискиот]] период. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат кој ги сврзувал централните области на [[Македонија]] со [[Јадранско Море|Јадранското Море]]. Во [[Римски период|римскиот период]] покрај [[Црна Река]] водел значаен [[пат]], кој го поврзувал градот Стоби со [[Виа Игнација]] кај [[Хераклеја Линкестис]], близу до денешна [[Битола]]. Така градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во [[Антика|античкиот период]].
 
Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон [[Хераклеја]], а по падините од Гробјанската [[црква]] до [[базилика]]та во Паликура, се наоѓаат повеќе [[Некропола|некрополи]]. Тие некрополи се од [[Хеленистички период|хеленистички]], [[Римски период|римски]], [[Византија|византиски]] и словенски период.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стоби