Интернет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Vlad5250 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Internet map 1024.jpg|мини|десно|250п|Делумна претстава на интернетототинтернетот со неговите јазли]]
'''Интернет''' (од {{lang-en|Internet}}) или '''семрежје''' — јавно достапен [[систем]] на меѓусебно поврзани [[сметачка мрежа|сметачки мрежи]] од целиот [[свет]], кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како [[TCP/IP]]. Се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани [[мрежно место|мрежни места]] (''websites'') и други документи од ''Пајажината'' ([[Светска пајажина]] - [[World Wide Web]], WWW).
 
Ред 107:
|}
 
==Употреба на интернетототинтернетот во Македонија==
Според податоците на [[Завод за статистика (Македонија)|Заводот за статистика]], во првото тромесечје на [[2014]] година, од вкупното население во [[Македонија]] на возраст меѓу 15 и 74 години, 68,1% имале пристап до интернет од дома, во споредба со 60% во [[2012]] година. Со тоа, Македонија била многу блиска до просекот во [[Европска унија|Европската унија]], кој во 2013 година изнесувал 75%. Од корисниците на интернетот, дури 99,1% имале широкопојасно поврзување (фиксно или мобилно). Набљудувано по одделни групи, интернет најмногу користеле студентите и учениците (96,3%), а 55,2% од корисниците на интернетот употребиле мобилен или паметен [[телефон]] за да пристапат до интернет надвор од дома или од работното место. Од вкупниот број корисници, 78,1% се закачувале на мрежата секој ден, 16,9% го правеле тоа барем еднаш неделно, а 5,1% користеле интернет помалку од еднаш неделно. Во однос на намената, 79,8% од корисниците на интернетот во Македонија го употребувале него за поврзување на [[Социјални мрежи|социјалните мрежи]], 67,8% за телефонирање и [[видео]]-повици, 67,3% за читање весници и списанија, а [[електронска пошта]] примале и испраќале 66,1% од корисниците на интернетот. [[Интернет-банкарство]] користеле 12,5% од интернет-корисниците, а само 3-5% пишувале [[Блог|блогови]] на интернетот.<ref>„Интернет користат 70 отсто од домаќинствата“, ''Дневник'', година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 8.</ref>