Коста Вангелов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
Во 1901/1902 го напушта Штип, и заминува во [[Австро-Унгарија]]. Во периодот од 1904 до 1907 работел во ателјето на академскиот сликар Милисав Марковиќ во Белград, како негов соработник. Кон крајот на 1907 година, тие ги изведуваат сликарските и декоративни работи во црквата „Св. Теодор Тирон“ во [[Ириг]]. Во 1910, го презема целосното украсување на црквата „Покров на Св. Богородица„ во [[Мала Ремета]], а во 1912 ги обновува сликарските работи во црквата „Св. Архангел Михаил“ во село [[Платичево]], во околината на [[Рума]].
 
Во 1912/1913 се вратил во Штип. Кон крајот на 1914 или во почетокот на 1915, заминува за Софија, каде што се вработува кај фирмописецот Шапкарев. По објавувањето на војната на Бугарија против Србија, бил мобилизиран од страна на бугарската војска во XI македонска дивизија. Од здравствени причини бил распореден во санитетска чета.
 
Од 1923 година, заминува за Рума. Умира ненадејно на 31 мај 1932 во Рума.
 
[[Категорија:Македонски сликари]]