Македонски претседателски избори (2019): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
Според македонските закони, кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Бидејќи ова не се случило, се одржал втор круг на 5 мај во кој се натпреварувале Пендаровски и [[Гордана Силјановска]] како двајца кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг требало да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко. Според [[Устав на Македонија|Уставот]], претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.
 
Заедно со претседателските се одржале и локални избори во општините [[Општина Дебар|Дебар]], [[Општина Ново Село|Ново Село]], и [[Општина Охрид|Охрид]] за нови градоначалници бидејќи таа функција ја обавувале вршители на должност. Во Ново Село причина било апсењето на градоначалникот Боро Стојчев поради шверц со цигари, а во Дебар и Охрид причина била ненадејната смрт на градоначалниците [[Ружди Љата]] и [[Јован Стојаноски]].<ref>[https://a1on.mk/archives/1001324 Претседателските избори на 21 април, локални ќе има во 3 општини], А1он (15.01.2019)</ref> Во Охрид и Ново Село во втор круг победиле кандидатите на [[СДСМ]] во втор круг, додека во Дебар победил кандидатот на [[ДУИ]] во првиот изборен круг.
 
==Кандидати==