Клетници: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Книги од 1862; додадена Категорија:Книги од 1862 година користејќи го HotCat
Ред 144:
Романот „Клетници“ постигнал голем комерцијален успех. Најкраткото забележано допишување во историјата било помеѓу Иго и неговиот издавач „Харст & Блекет“ во 1862 година. Се раскажува дека Иго бил на одмор кога бил објавен романот. Тој му испратил [[Телеграф|телеграма]] на својот издавач само со ,,?” на која издавачот му одговорил истотака со еден знак „!”. Најпрво преведена на странски јазици (италијански, грчки и португалски) истата година книгата првично се појавува, и се покажала популарна не само во Франција туку низ цела Европа. [[Книга|Книгата]] е популарна уште од самото објавување и била доста омилена помеѓу конфедерациските војници во [[Американската граѓанска војна]], кој самите случајно се нарекле бедните на Ли (како резултат на нивните влошувачки услови под водство на генералот Роберт Е. Ли). Популарноста на овој роман продолжува до ден--денес, а многумина го вреднуваат како еден од најважните романи некогаш напишани.
 
„Клетници“ е најпопуларното и најценетото дело на Иго кое зазема централно место во неговото творештво. Романот претставува величествена фреска на епохата, давајќи слика на сите општествени слоеви. Сепак, тој не е безмилосна [[Балзак|балзаковска]] анализа на општествените односи со нагласок врз општественото влијание врз дејството на личностите и нивните [[Психологија|психолошки]] реакции, туку тој е дело на општетсвен реформатор и дело набиено со [[Романтизам|романтичен]] занес.<ref>Божидар Настев, „Поговор - Виктор Иго (1802 - 1885) Клетници“, во: Виктор Иго, ''Клетници''. Скопје: Матица македонска, 2003, стр. 491-492.</ref> Во поглед на структурата, „Клетници“ е многу сложен роман што може да се опише како социјална епопеја и химна на [[Хуманизам|хуманизмот]], но во него има и авантуристички елементи во стилот на „[[Грофот Монте Кристо (роман)|Грофотод Монте Кристо]]“, а често се доближува и до полициските романи. Исто така, романот изобилува со бројни дигресии што го нарушуваат неговото единство и го оддалечуваат вниманието од главните настани. Често, овие дигресии имаат дидактички карактер, со што се претвораат во вистински трактати за некои конкретни теми ([[манастир]]ите, париската канализација, итн.). На тој начин, на многу места дејството во романот запира и губи од својата драматичност. Кон тоа треба да се додадат и бројните епизоди со сосема неочекувани пресврти земени од мелодрамата, а кои прават романот да делува наивно за современиот читател. Во „Клетници“, Иго ги измерил барањата на [[уметност]]а и тенденциите присутни во популарните романи (како, на пример, „Тајните на Париз“ од Ежен Си), остварувајќи го романтичарскиот идеал за цикличен роман во кој се следат судбините на многу ликови и којшто дава слика на целото општество. Токму тука најдобро доаѓа до израз мајсторството на Иго, кој со сигурна рака ги води ликовите од романот, создавајќи од нивните судбини посебни романи коишто се обединуваат во целина.<ref>Божидар Настев, „Поговор - Виктор Иго (1802 - 1885) Клетници“, во: Виктор Иго, ''Клетници''. Скопје: Матица македонска, 2003, стр. 493-496.</ref>
 
== Неофицијални продолженија ==