Марти Мистерија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Марти Мистерија''' (оригинален назив: Martin Mystère) е име на стрип јунак креиран од стра...
(нема разлика)

Преработка од 00:50, 5 мај 2019

Марти Мистерија (оригинален назив: Martin Mystère) е име на стрип јунак креиран од страна на писателот Алгредо Кастели, а графички дизајниран од Џанкарло Алесандрини. Стрипот со ист назив за прв пат е објавен во Италија во 1982 година од страна на издавачот Sergio Bonelli Editore. Во поранешна Југославија прв пат е објавен во 1982 година, а на македонски јазик за прв пат е објавен во 1996 година.[1]

Биографија

Марти Жак Мистерија (оригнално име: Martin Jacques Mystère) е стрип јунак. Роден на 26 јуни 1942 година.[2] Живее во Њујорк во стан полна со книги и интересни предмети на адреса: Вашингтон Мјуз, број 3 (оригинално: Washington Mews, 3).[3][4] По мистериозната смрт на неговите родители во авионска несреќа во 1965 година почнал да се интересира за археолошки, историски, научни или псевдонаучни енигми, и на научна основа се интересира за неидентификувани летечки објекти, за екстрасензорна перцепција и за многу други загатки кои науката не може да ги објасни.[3] Поради ова тој го има прекарот Детектив на невозможното.[5] Иако тој не детектив, кај него доаѓаат голем број клиенти кои му предлагаат интересни проблеми за решавање или бараат помош од него.[3] Покрај ова, кај него често гостин е и полицискиот инспектор Тревис, како и командантот на тајната владина агенција Крис Тауерс кои редовно го вклучуваат во решавањето на мистериозни проблеми.[3]

Има дипломирано антропологија од Универзитетот Харвард. Има специјализирано археологија на Сорбона, историја на уметност во Фиренца и кибернетика на јазикот на Massachusetts Institute of Technology. Некое време живеел во тибетски манастир каде што се здобил со мистичното трето око. Од својот духовен учител го добива древното оружје кое се нарекува мурчанда,[6] кое потекнува од мистериозниот континент Му. Моментов тој поминува повеќе време пред неговиот Макинтош компјутер[7] и ја подготвува следната книга чие завршување постојано го одложува. Покрај тоа има снимено голем број на еизоди својата телевизиска програма: „Мистериите на Мистерија". Успехот на оваа документарна серија му овозможува да ги финансира патувањата и купувањето на книги за преполната библиотека.

Авантурите на Марти Мистерија се современи и поставени се во ригорозно реалистичен амбиент благодарение на документарното истражување на авторите.[8]

Литература

  1. 1,0 1,1 Martin Mystère sul sito della Varm Comics Архивирано на {{{2}}}.
  2. 2,0 2,1 „Martin Mystère FAQ“. 5 gennaio 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Il mio nome è Martin Mystère“.
  4. 4,0 4,1 „Martin Mystère“. 5 gennaio 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. 5,0 5,1 „Martin Mystère“. 5 gennaio 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. 6,0 6,1 Името на оружјето со зраци го поседува Марти Мистерија е на санскрит значи „неверојатен“ и се појавува во индијските митолошки приказни.
  7. 7,0 7,1 На почетокот започнувајќи од 1982 година компјутерот беше неодреден модел и беше опремен со компакт диск (многу пред компакт дискот да стане стандарден дел од компјутерската опрема)). Во подоцнежните броеви, авторот Алфредо Кастели го трансформирал тој генерички компјутер во Macintosh 128K откако и самиот купил таков компјутер.
  8. 8,0 8,1 „IL SUO MONDO“.