Лос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 109:
 
Роговите на мажјаците растат како цилиндрични греди кои се испакнуваат на двете страни од главата под прав агол на средната линија на черепот, а потоа се разгрануваат. Долниот крак од ова разгранување може да биде едноставно, или поделено на два или три забци, со понекое зарамнување. Роговите на лосот се широки и во форма на лопата со забци по должината на надворешниот раб.<ref name=Rodgers2001a>{{citation|title=Moose|first=Art |last=Rodgers|publisher=Voyager Press|chapter=Appearance and characteristics|year=2001|pages=24–27|isbn=978-0-89658-521-8}}</ref> Роговите на возрасен алјаски лос (стар 5 до 12 години) имаат максимален распон поголем од 200 см. До 13-годишна возраст роговите на лосот се намалуваат во големина и симетрија. Најголемиот забележан распон е 210 см. Алјаскиот лос исто така го држи рекордот за најтешки рогови со 36 кг.<ref name=Rodgers2001a />
[[Податотека:Alces_alces.jpg|алт=|мини|Млада женка (''A. a. americana'') во Јуни.]]
Дијаметарот на гредата укажува на возраста на лосот, а не бројот на забците.<ref name="Rodgers2001a6" /> Роговите на лосовите во Северна Америка (''A. a. Americanus'') вообичаено се поголеми од оние на евроазискиот лос и имаат по два лобуси на секоја страна, како пеперутка. Формата на роговите на евроазиските лосови потсетува на школка, со еден лобус на секоја страна.<ref name="Rodgers2001a6" />
 
По сезоната на парење мажите ги отфрлаат роговите за да штедат енергија за зима. Новиот сет на рогови ќе порасне на пролет. Потребни се три до пет месеци за нивен целосен развој, што ги прави еден од најбрзорастечките органи кај живоотните. Покривната кожа со својот богато развиен систем на крвни садови ги исхранува роговите, а бројни фоликули на влакна и даваат кадифена текстура.<ref name="Rodgers2001a5" /> Младите лосови не ги отфрлаат роговите за време на зимата, туку ги задржуваат до следната пролет. Птиците, месојадците и глодарите ги јадат отпаднатите рогови кои се полни со протеини, а лосовите ја јадат покривната кожа за внес на хранливи материи.<ref name="Rodgers2001a5" />
 
Ако мажјакот е [[Кастрација|кастриран]], било случајно или хемиски, тој ќе го отфрли моменталниот сет на рогови и веднаш ќе порасне нов сет деформирани со изменета форма рогови кои ќе ги носи до крајот на животот без да ги отфрли повеќе. Овие израстоци со карактеристичен изглед (често нарекувани и „ѓаволски рогови“) се извор на митови и легенди кај [[Ескими|Ескимите]], како и кај некои други племиња на домородните народи од Северна Америка.<ref>Geist, Valerius (1998)'' [https://books.google.com/books?id=bcWZX-IMEVkC&printsec=frontcover#v=onepage&q=moose&f=false Deer of the World: Their Evolution, Behaviour, and Ecology]'' Stackpole Books.</ref>
 
Во исклучително ретки околности и кај женките може да пораснат рогови. Ова обично се должи на хормонски дисбаланс.<ref>[http://www.alaskapublic.org/2009/10/19/it%E2%80%99s-a-bull-moose%E2%80%A6no-a-cow%E2%80%A6/ It’s a Bull Moose…No a Cow…] Joe Viechnicki, KFSK – Petersburg 10-19-09</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лос