Упад во Собранието на Македонија (2017): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Игор долго време си на Википедија, не може без никаква причина да враќаш измени
Ознака: Отповикај
Причина за отстранување на уредувањето е ОТСТРАНУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНЦАТА - ТОА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО
Ознака: Отповикај
Ред 44:
}}
 
'''Упад во Собранието на Македонија''' (познат и како „'''Крвавиот четврток'''“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „[[За заедничка Македонија]]“ упаднале во [[Собранието на Република Македонија]] со цел да го спречат изборот на [[Талат Џафери]] за [[претседател на Собранието на Македонија]]. Настаните се случуваат токму две години по вториот круг на парламентарните избори, кои се одржаа на 27 април 2015. Веднаш по изборите лидерот на опозицијата изјавил дека [[СДСМ]] нема да влезе во Собранието додека не се обезбедат услови за фер избори и додека не се формира техничка влада која ќе ги организира изборите<ref>http://falanga.com.au/zaev-sdsm-ne-gi-priznava-rezultatite-od-deneshnite-neregularni-izbori#</ref>. Со ова започнува [[Политичка криза во Македонија (2015-2017)|Политичката криза во Македонија (2015-2017)]].

И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од [[САД]], [[Европската Унија]], како и од меѓународната заедница освен [[Русија]]. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.
 
Упадот се случил во 19 часот кога маскирани лица биле пропуштени од собраниското обезбедување и упаднале во салата за новинари каде конференција за печат држел новоизбраниот претседател Џафери. Насилниците физички ги нападнале пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобиле [[Зоран Заев]] и [[Зијадин Села]], предводници на [[СДСМ]] и [[Алијанса за Албанците]], две партии од парламентарното мнозинство. Полицијата реагирала три часа по упадот, а министерот на [[МВР]] [[Агим Нухиу]] и очевидци на настанот се сомневале дека директорот на [[БЈБ]] [[Митко Чавков]] намерно ја попречувал полициската интервенција. Пратеникот и лидер на [[ВМРО-ДПМНЕ]] [[Никола Груевски]], кој повикал на улични протести, бил во [[Виена]] за време на упадот.