Дијалекти на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 87:
 
=== Запад ===
На [[запад]], македонската јазична територија граничи со [[Албански јазик|албанскиот јазик]]. Поголемиот дел од таа јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу [[Република Македонија]] и [[Албанија]], а на [[Географија|географски]] план неа ја претставуваат [[Планина|планинскиот]] венец [[Кораб]] - [[Дешат]] - [[Јабланица]], откаде се спушта на југозападниот дел на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. По должината на оваа граница, на [[Албанија|албанска]] страна остануваат триесетина населени места со [[Македонци|македонско]] население, во долината на реката [[Дрим]], западно од [[Дебар]], и во областа позната како [[Голо Брдо]] и три [[Село|села]] на брегот на Охридското Езеро околу [[град]]от [[ПодградецПоградец]] (Подградец). Од јужниот брег на езерото, јазичната граница завртува на југоисток и преку планината [[Галичица]] излегува на југозападниот брег на [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], а оттаму продолжува на југ и преку планината [[Мокра Гора]] излегува на [[Грамушта]] (Грамос), југозападно од [[Костур (град)|Костур]]. На овој дел од границата, на албанска страна, остануваат десетина села на западниот брег на Преспанското Езеро и три села источно од [[Горица (Албанија)|Горица]] (Корча), Албанија.
 
На македонско - албанското јазично пограничје, на потесен [[ареал]] живее мешано [[Македонци|македонско]] и [[Албанци|албанско]] население. Оваа област ја опфаќа територијата на правецот [[Скопје]] - [[Тетово]] - [[Гостивар]] - [[Дебар]] - [[Струга]] - [[ПодградецПоградец]] - [[Горица (Албанија)|Горица]]. Во овој дел населението главно е [[Двојазичност|двојазично]].
 
=== Југ ===