Судијата од Заламеја: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 20:59, 21 април 2019

Судијата од Заламеја (El alcalde de Zalamea) – драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1643 година. Драмата е напишана според истоименото дело на Лопе де Вега.

Содржина

Дејството на драмата се одвива во 1580 година. На патот за Португалија, војската доаѓа во Заламеја и еден офицер ја силува ќерката на богатиот селанец Педро Креспо, кој истовремено е селски судија и началник. Педро го моли офицерот да се ожени со неговата ќерка, а откако офицерот грубо го одбива, Педро набрзина го осудува и го убива. Тогаш интервенира генералот, дон Лопе де Фигуероа, но без успех, а потоа доаѓа кралот кој ја потврдува постапката на Педро и го именува за доживотен началник.[1]

Осврт кон делото

„Судијата од Заламеја“ зазема посебно место во творештвото на Калдерон де ла Барка, а според некои критичари, таа претставува најдоброто дело на шпанскиот класичен театар. Истовремено, таа е неговата единствена реалистична драма која обработува тема од секојдневниот живот и во која проблемите се решаваат на овоземен начин. Исто така, рамката на драмата е народна, а главните ликови се селани и војници, што е нетипично за Калдерон кој, како дворски писател, претежно обработувал „возвишени“ теми. Основната проблематика во драмата е анализата на односот меѓу војската и граѓаните, како и прашањата поврзани со граѓанските права, честа и достоинството на човекот. Притоа, симпатиите на писателот се на страната на народот при што тој ги возвишува ослободените селани, а ги карикира ситните благородници.[2]

Наводи

  1. Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 122-123.
  2. Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 122.