Педро Калдерон де ла Барка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: ситна поправка
→‎Творештво: дополнување
Ред 19:
 
==Творештво==
Заедно со [[Лопе де Вега]], Калдерон де ла Барка е најголемиот писател од времето на шпанскиот класичен [[театар]]. Истовремено, тој бил последниот голем писател во златниот век на [[Шпанска книжевност|шпанската книжевност]]. Како човек со голем [[дух]], се обидел да го синтетизирал славното минато и да се вивне повисоко од своите претходници, но повеќепати се изгубил во мракот на своите мисли и предрасуди. Како сведок на пропаѓањето на една голема епоха, решението го побарал во бегството од стварноста и свртувањето кон апстрактните теми поврзани со [[морал]]от, честа, гордоста, жртвата, [[сон]]от, [[смрт]]та, постоењето, итн. Во своите драмски дела создавал [[поезија]] која ја нарекувале „чиста“. Калдерон бил поет на [[Католицизам|католицизмот]] и на [[Мистика|мистиката]], славејќи ги [[Христијанство|христијанскиот]] [[морал]], мачеништвото, постојаноста во верата, моќта на [[магија]]та и чудата. Притоа, напишал голем број прикажувања на светата тајна (''autos sacramentales'') во кои се бавел со [[теологија]]та и мистеријата на верата.<ref>Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 119-120.</ref>
* „[[Животот е сон]]“ (1635)
 
Во областа на [[Драмска уметност|драмското творештво]], Калдерон бил непосреден следбеник на Лопе де Вега. Меѓутоа, за разлика од де Вега, чии дела се одликуваат со едноставност зашто се свртени кон народот, Калдерон бил дворски човек и создавал дела наменети за елитата. Освен тоа, тој бил поет на високиот [[барок]], поради што многу често неговите дела се пренатрупани со раскошни [[Метафора|метафори]]. Всушност, во неговото творештво се споени сите елементи на двете главни струи во шпанската поезија од [[16 век]] – [[Култеранизам|култеранизмот]] и Концептизам|концептизмот]]. Оттука, критичарите често истакнуваат дека Калдерон аристократски поет; дека ја претставува [[уметност]]а (артизмот); дека конструира и доработува; дека обработува универзални теми; дека е помалку оригинален од Лопе де Вега, но подлабок и порефлексивен; дека става акцент на мисловноста и на [[симбол]]ите; дека создава хиерархија, вниманието го става врз поединците и создава големи драмски фигури.<ref>Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 120-121.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Калдерон де ла Барка}}
Ред 27 ⟶ 32:
[[Категорија:Шпански драматурзи]]
[[Категорија:Шпански писатели]]
[[Категорија:Писатели од 17 век]]