Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-| општина = {{грбови| +| општина = {{општинскигрб|)
поврзница
Ред 57:
== Стопанство ==
 
Според составот на селскиот атар Зовиќ има поледелско-сточарска функција.<ref name="енциклопедија" /> Малубројното преостанато постојано население, како и дел од иселениците и некогашни жители кои ги посетуваат своите имоти, се занимаваат со земјоделство односно со градинарство исклучиво за задоволување на сопствени потреби. Од градинарството најмногу се одгледуваат краставици, кромид, марули, лук, домати (патлиџани) и грав. Поради тоа што обработливата земја во градините е многу тенок слој на почва црница и лежи врз карпи краставиците и другите плодови иако се со помала големина се одликуваат со многу убав и специфичен вкус. Во самото село и непосредната околина на повеќе ниви се одгледува и компир, а во помала мерка и жито, најмногу пченица и 'рж. Од сточарството најзастапено е одгледувањето на овци и крупен добиток како крави и телиња во помал број, од чие млеко се прави познатото мариовско [[биено сирење]], кое самите [[Мариовци]] го нарекуваат „тепано“. Од сточарството во помала мерка се одгледуваат и кози. На самиот влез на селото по колскиот пат од јужната страна има сточарска фарма, а на атарот на селото постојат и повеќе бачила од кои само неколку активно се користат и работат произведувајќи овчо и мешано биено сирење. Во минатото селото многу произведувало тутун, од кој од една годишна берба се купувало и телевизор, се саделе и слануток, винова лоза и др. Сите куќи одгледуваат и доста живина односно кокошки и мисирки. Во селото има голем број на оревови дрвја кои раѓаат многу јадри и благи ореви. Од неодамна на сретселото во Зович постои и „етно-куќа“ која е отворена за посетителите со новоизградени сместувачки капацитети со 3 соби со 12 нови легла и голем ресторан.
 
== Население ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ