Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

Додадени 33 бајти ,  пред 10 месеци
[[Окупација на Константинопол|Окупацијата на Константинопол]], заедно со [[окупација на Измир|окупацијата на Измир]] од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на [[Турска војна за независност|Турската војна за независност]], која траела од [[1919]] до [[1922]] година. На чело на Турското национално движење застанал [[Мустафа Кемал-паша]].<ref>Mustafa Kemal Pasha's speech on his arrival in Ankara in November 1919</ref>
 
Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во [[Анкара]]. На 1[[2 февруари]] [[1920]] последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за ''Misak-i Milli'' („Национален пакт“). На [[10 август]] [[1920]] година, Големиот везир [[Дамат Ферид-паша]] го потпишал [[Договор од Севр|Договорот од Севр]]. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманската Империја, вклучувајќи го и региони Турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на [[Турци]]те на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На [[5 август]] [[1921]] година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август [[1922]], Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја поврати контролата на [[Измир]] на [[9 септември]] [[1922]] година. На [[10 септември]] [[1922]], Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на нации каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.
 
Конференцијата во Лозана започнала на [[21 ноември]] [[1922]] година. Турски претставник [[Исмет Инону]] одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата, и слично. На [[24 јули]] [[1923]] година, Договорот од Лозана бил потпишан. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на [[Република Турција]] на [[29 октомври]] [[1923]] година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиската Империја.