Евангелие според Матеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
Ред 4:
== Дата на пишување ==
 
Според податоците кои ги дал Папијас, епископот од Хиреаполис, Матеј го напишал евангелскиот текст на [[хебрејски јазик]]. Сепак, за жал, досега не е пронајден ниту еден од примероците напишани на [[хебрејски јазик]]. Светлото на денешницата, досега, го имаат видено единствено неговите старогрчки верзии. Притоа, повеќе прашања поврзани со ова [[евангелие]] сеуштесѐ уште предизвикуваат полемики во научниот свет. Едно од тие прашања, е проблематиката поврзана околу неговото прецизно датирање. Според едни автори, евангелието според Матеј датира од околу [[70]] – [[80]] година, а, пак, според други во годините од 85-тата до 90 година.
 
Сепак, се чини дека овие претпоставени датирања најверојатно се погрешни. Ова поради фактот бидејќи при обидот за нивно датирање не се земал во предвид податокот кај Папијас. Имено, за попрецизно датирање на Евангелието според Матеј може да послужи еден цитат кај Папијас, а сочуван од страна на [[Иринеј Лионски]] и [[Евсевиј Кесариски]], каде што се вели дека „...''Матеј го напиша евангелието во периодот кога апостолите Петар и Павле претстојувале во Рим''“. Ова е особено важен податок во обидот прецизно да се датира оригиналниот хебрејски евангелски текст на [[апостол Матеј]]. Имено, ако знаеме (врз основа на [[Дела на светите апостоли|Делата на светите апостоли]]) дека Петар и Павле биле затворени во [[Рим]] во 60-те години на [[1 век]], за време на владеењето на [[Нерон]] ([[54]] – [[68]]), тогаш произлегува дека Матеј го напишал евангелскиот текст околу 61 – 62 год., но никако после 65 – 68 кога апостолите веќе биле маченички убиени.