Индонезија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
Ред 27:
|percent_water = 4.85
|population_estimate = 237,512,352<ref>{{цитирана веб страница |url= https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/id.html |title= Indonesia |accessdate=5 декември 2008 |last= |first= |coauthors= |date= 2008-11-20 |work= [[The World Factbook]] |publisher= [[United States Department of State]]}}</ref>
|population_estimate_year = јули 2008 .
|population_estimate_rank = 4-та
|population_census = 206,264,595
Ред 53:
|sovereignty_type = [[Независност]]
|sovereignty_note = од [[Холандија]]
|established_event2 = [[Индонезиска декларација за назависностнезависност|Објавена]]
|established_date2 = 17 август 1945
|established_event3 = [[Индонезиска национална револуција|Призната]]
Ред 69:
|footnotes =
}}
'''Индонезија''', службено Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и Океанија. Индонезија е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 238 милиони жители, Индонезија е [[Список на држави по население|четвртата најнаселена држава]] во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта. Индонезија копнено се граничи со Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Малезија. Други соседни земји се Сингапур, Филипини, Австралија и индиските Андамански и Никобарски острови. Индонезија е една од земјите-основачи на ASEAN (Асоцијација на земји од југоисточна Азија) и е членка на големите економии Г-20. Индонезиската економија е осумнаесетта во светот според номинален БДП и петнаесетта најголема во светот според паритетот на куповната моќ.
 
Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата Шривиџаја а потоа и Маџапхит тргувале со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели од раните векови и со тоа се развиле Будистичките и Хиндуистичките кралства. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Муслиманските трговци го донесоа исламот, а европејците го донесоа христијанството и тие меѓусебно војуваа за да ја монополизираат трговијата на Островот на зачините Маику за време на големите географски откритија. По холандскиот колонијализам кој траеше три ипол века, Индонезија ја обезбеди својата независност по Втората светска војна. Оттогаш индонезиската историја е турбулентна, со предизвици поставени од природни катастрофи, корупција, сепаратизам, процес на демократизација и периоди на брзи економски промени.
Ред 87:
Иако муслиманските трговци прво патувале преку југоисточна Азија во раниот исламски период, најраните докази на исламизирано население во Индонезија датираат од 16 век во северна Суматра. Другите индонезиски области постепено го прифатија исламот кој стана доминантна религија во Јава и Суматра кон крајот на 16 век. Воглавно исламот се измеша со постоечките културни и религиозни влијанија, кои ја обликуваа доминантната форма на исламот во Индонезија, особено во Јава. Првите европејци пристигнаа во 1512 година, кога португалски трговци, предводени од Франциско Серао, бараа да ги монополизираат изворите на морско оревче, каранфилче и црн бибер во Малуку. По нив дојдоа и холандски и британски трговци. Во 1602 година Холандија ја формираше холандската источно-индиска компанија и со тоа стана доминантна европска сила. Холандската источно-индиска компанија официјално престана да работи во 1800 година поради стечај и владата на Холандија ги прогласи Холандските Источни Индии за национализирана колонија.
 
Речиси целиот колонијален период, холандската контрола врз архипелагот беше слаба надвор од крајбрежните упоришта. Само на почетокот на 20 век холандската доминација се прошири до границите на она што сега претставува Индонезија. И покрај големите внатрешни политички, социјални и секташки поделби за време на Националната Револуција, индонезијците најдоа единство во нивната борба за независност. Јапонската окупација за време на Втората светска војна го прекина холандското владеење и го охрабри претходно потиснатото индонезиско движење за независност. Два дена по капитулацијата на Јапонија, во август 1945 година, Сукарно, влијателен националистички водач, прогласи независност и беше назначен за претседател. Холандија се обиде повторно да го воспостави своето владеење во Индонезија и вооружената и дипломатска борба заврши во декември 1949 година кога поради големиот меѓународен притисок, Холандија официјално ја призна Индонезија како независна држава ( со исклучок на холандската територија Западна Нова Гвинеја која беше вклучена во Индонезија со договорот од Њу Јорк во 1962 година, и со Актот на слободен избор од 1969 година по наредба од ОН).
Сукарно го насочи своето владеење од демократија кон авторитаризам, и ја одржуваше својата моќ преку балансирање на противничките сили на војската и на Комунистичката партија на Индонезија. Обидот за државен удар на 30 септември 1965 година беше пресретнат од страна на армијата која водеше насилна анти-комунистичка чистка и Комунистичката партија на Индонезија беше обвинета за државен удар и со тоа ефикасно беше уништена. Помеѓу 500 000 и еден милион луѓе беа убиени. Водачот на војската, генерал Сухарто го надмудри политички ослабениот Сукарно, и официјално беше назначен за претседател во март 1968 година. Неговото управување на државата според новиот поредок го поддржа владата на САД, и ги охрабри директните странски инвестиции во Индонезија што претставуваше главен фактор за значителниот економски раст во наредните три децении. Сепак, авторитарниот „Нов поредок“ беше обвинуван за корупција и потиснување на политичката опозиција.
Ред 100:
Највисокото претставничко тело на национално ниво е Народното советодавно собрание. Неговите главни должности се поддржување и измени во уставот, свечено назначување на претседателот, официјализирање на главните црти на државната политика. Собранието има моќ да го отповика претседателот. Народното советодавно собрание е поделено на два дома: Собрание на народни претставници кој има 560 членови и Собрание на регионални претставници кој има 132 членови. Собранието на народни претставници донесува закони и ја надгледува извршната власт, партиските членови се избираат со пет годишен мандат преку пропорционална застапеност. Реформите од 1998 година значително ја зголемија улогата на Собранието на народни претставници во националното владеење. Собранието на регионални претставници претставува нов дом за прашања од регионалното управување.
 
Повеќето граѓански спорови се решаваат во Државниот суд (Pengadilan Negeri), а жалбите се разгледуваат пред Високиот суд (Pengadilan Tinggi). Врховниот суд (Mahkamah Agung) е највисокиот суд во земјата и ги разгледува конечните жалби и вршат ревизија на случаите. Други судови се: Стопански суд кој се занимава со банкротирање и неликвидност, Државниот управен суд (Pengadilan Tata Negara) кој ги разгледува административно-правните случаи против владата, Уставен суд (Mahkamah Konstitusi) кој разгледува спорови кои се однесуваат на легалната оправданост на законите, општите избори , распаѓање на политички партии како и овластувањата на државните институции и Религиски суд (Pengadilan Agama) кој се занимава со случаи поврзани со кодифицираниот шеријатски закон.
 
== Надворешни работи и војска ==
Ред 107:
Индонезиската влада соработуваше со повеќе земји за да ги уапсат и гонат сторителите на големи бомбашки напади поврзани со милитантниот Исламизам и Ал Каеда. Во најкрвавиот бомбашки напад загина 202 луѓе ( од кои 164 беа меѓународни туристи) во туристичкиот град Кута на Бали во 2002 година. Нападите и понатамошните предупредувања од другите земји сериозно му наштетија на туризмот на Индонезија и перспективите за странски инвестиции.
 
Вооружените сили на Индонезија кои бројат 300 000 членови се составени од армијата (TNI), морнарицата (TNI-AD во кои спаѓаат и маринците) и военото воздухопловство (TNI-AU). Армијата има околу 233 000 активен персонал. Трошоците за одбрана од државниот буџет во 2006 година изнесуваше 4% од БДП и контроверзно беа надополнувани од воените комерцијални камати и фондации. Една од реформите по оставката на Сухарто во во 1998 година беше укинувањето на формалната застапеност на армијата во парламентот. Сепак политичкото влијание на армијата сеуштесѐ уште е големо.
 
Сепаратистичките движења во провинциите Ацех и Папуа доведоа до вооружен конфликт, а потоа следеа обвинувања за кршење на човековите права и бруталност од сите страни. По повремената 30 годишна герилска војна меѓу Движењето за слободен Ацех и индонезиската војска, во 2005 година се постигна договор за прекин на огнот. За време на претседателството на Сусило Бамбанг Јудхојоно во Папуа имаше значително, иако несовршено, спроведување на закони за регионална автономија и забележителен пад на нивото на насилство и прекршување на човековите право.