На доковите на Њујорк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 18:
| gross = $9,600,000
}}
'''На доковите''' ([[англиски]]: ''On the Waterfront'') - американски филм од 1954 година, во [[режија]] на [[Елија Казан]]. Во главните улоги настапуваат: [[Марлон Брандо]], [[Карл Малден]], [[Ли Ј. Коб]], Роб Стајгер, Ева Мари Сеинт итн. Во 1955 година, филмот освоил дури осум награди „[[Оскар]]“, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра женска споредна улога, најдобро [[сценарио]], најдобра [[кинематографија]], најдобра сценографија и најдобра [[монтажа]]. Исто така, филмот освоил четири награди „[[Златен глобус]]“ и една награда „[[БАФТА]]“. Во 1954 година, Казан освоил три награди на [[Венецијански филмски фестивал|Венецијанскиот филмски фестивал]], а во 1989 година, филмот бил зачуван во [[Национален филмски регистар на САД|Националниот филмски регистар]] на САД.<ref>[https://www.imdb.com/title/tt0047296/?ref_=nm_flmg_act_40 IMDb, On the Waterfront (1954) (пристапено на 14.4.2019)]</ref>
'''На доковите на Њујорк''' ([[Англиски јазик|анг]]. On the Waterfront) е [[америка]]нски [[филм]] од [[1954]], режиран од [[Елија Казан]]. Во главните улоги играат [[Марлон Брандо]] и [[Карл Малден]]. Овој филм, наредната година, победил во категоријата [[оскар за најдобар филм]].
 
==Содржина==
{{САД-филм-никулец}}
Тери Малој (го игра Брандо) е поранешен надежен [[бокс]]ер, кој изгубил еден наместен меч поради опкладата на [[мафија]]та. Потоа, тој работи за мафијашкиот шеф Џони Френдли (го игра Коб), кој ангажира работници за товарење и растоварување на бродовите. Тери е сведок на две [[Убиство|убиства]] на непослушните работници, кои ги извршуваат луѓето на Џони Френдли. Тој е вљубен во Еди (ја игра Мари Сеинт), која му е сестра на еден од убиените работници, а тој чувствува вина за неговата [[смрт]]. Таа го запознава со [[Свештенство|свештеникот]] Бери (го игра Малден), кој е решен да го прекине насилството. Свештеникот го советува Тери да сведочи пред судот за убиствата, а Тери ѝ признава на Еди дека бил виновен за смртта на нејзиниот брат. Набргу, мафијашите дознаваат дека Тери се колеба и го испраќаат неговиот брат Чарли (го игра Стајгер) да го убеди Тери да ѝ остане верен на мафијата. Чарли се обидува да го поткупи Тери, нудејќи му подобро платена работа, а кога тој ја одбива понудата, му се заканува со [[револвер]]. Сепак, Чарли не може да го убие својот брат и го остава да побегне, но мафијата го убива Чарли, а потоа се обидуав да го убие и Тери. Тогаш, Тери оди да сведочи пред [[суд]]от, обвинувајќи го Џони Френдли за убиствата. Поради неговото сведочење, работниците се плашат да зборуваат со Тери, но тој сепак оди да бара работа на [[пристаниште]]то. Таму, тој е претепан од луѓето на Џони Френдли, но тогаш сите работници застануваат на неговата страна и му откажуваат послушност на Џони Френдли. Со крајни сили, Тери успева да стане на [[нозе]] и ги предводи работниците, кои одат да работат за друг работодавач.<ref>[https://www.imdb.com/title/tt0047296/?ref_=nm_flmg_act_40 IMDb, On the Waterfront (1954) (пристапено на 14.4.2019)]</ref>
 
== Надворешни врски ==
 
* {{imdb title|0047296}}
* {{tcmdb title|4749}}
Ред 33:
* [http://www.fordham.edu/Campus_Resources/Public_Affairs/Inside_Fordham/Inside_Fordham_Archi/May_2003/News/The_Priest_Who_Made__11100.asp Свештеникот кој го натера Бад Шублерг да трча: ''На доковите во Њујорк'' и „Jesuit Social Action“, „Inside Fordham Online“, мај 2003]
 
== Наводи ==
{{ОскарФилм}}
{{наводи}}
 
[[Категорија:Филмови од 1954 година]]
[[Категорија:Американски филмови]]
[[Категорија:Филмови од 1954 година]]
[[Категорија:Филмови на англиски јазик]]
[[Категорија:Добитници на оскар за најдобар филмТрилери]]
[[Категорија:Црно-бели филмови]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД]]
[[Категорија:Криминалистички филмови]]
[[Категорија:Филмови на Елија Казан]]
[[Категорија:Филмови со Марлон Брандо]]
[[Категорија:Филмови со Карл Малден]]
[[Категорија:Филмови со Ева Мари Сеинт]]
[[Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм]]
 
{{ОскарФилм}}