Прва балканска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 454:
Успесите во [[Македонија]] и [[Косово]] и блокирањето на Скадарскиот гарнизон им овозможиле на српските трупи да навлезат во северна и централна [[Албанија]]. По пат, тие наипле на отпор само од албанските герилци. На 4 ноември, десната колона на Третата српска армија стигнала до градот Лежа (Леш, Алесио) и се соединиле со црногорските сили во регионот. Левата колона стигнала до [[Тирана]], а на 15 ноември било освоено пристаништето [[Драч]]<ref>Hall, стр. 54.</ref>. Иистиот ден (28 ноември по нов стил) албанскот национално собрание во [[Валона]] прогласило независност на Албанија и ги повикало големите сили на помош против странските војници кои навлегле во земјата<ref>Stickney, стр. 19-20.</ref>.
 
Во [[Епир]] на 21 октомври, грчките сили по освојувањето на [[Превеза]] успеале да го контролираат Абракискиот заливЗалив. Во средината на ноември тие пристиганле пред [[Јанина]]. По освојувањето на Солун, биле префрлени дополнителни три дивизии. Со нивна помош Јаниската тврдината била блокирана од три страни<ref name="strdimitr334"/>.
 
===Блокада на бугарскиот црноморски брег ===
[[Податотека:Karte der Stadt Warna 1897.jpg|200px|мини|лево|Варна]]
Иако бугарскиот флота претставува помалку од половина процент од бугарската војска во 1912, воените морнари било активно вклучени во борбите по море и копно. Првата минско-артилериска позиција во историјата на Бугарија била изградена во [[Варненски Залив|Варненскиот заливЗалив]]. Во Варненскиот заливзаливот се наоѓала минската преграда од околу 240 француски ударни мини „Сотер и Харли“. Во [[Бургаски Залив|Бургаскиот заливЗалив]] не биле поставени мини, но и двата заливизалива биле прогласени за минирани, што ги принудило османлиските бродови да бидат претпазливи во своите дејствија пред двата бугарски пристанишни града<ref>Георги Купов, Торпилирането на крайцера „Хамидие“, стр. 10.</ref>.
 
На 4 октомври 1912 година, османлиската ескадра го блокирала градот [[Варна]], а трговските бродови кои биле на пар кон ова пристаниште биле задржани. На 6-8 октомври, градот и воените објекти биле изложени на артилериски напад од кај морето. За да го спречи бомбардирањето, бугарската команда од [[Шумен]] довела тешка артилерија. На 8 октомври, била бомбардирана [[Каварна]], а на 18 октомври и [[Бургас]]<ref name="bwnamore1114"/>. Истовремено, со овие операции османлиската флота сакала да ги прикрие испораките на оружје од [[Германија]] кои се одвивале преку романското пристаниште [[Констанца]]<ref>ЕБ, т. VII, стр. 247.</ref>.