Топол извор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с видете и
с link
Ред 2:
'''Топол извор''' или '''термален извор''' или '''геотермален извор''' е [[извор (хидросфера)]] на загреана вода од земјината кора. Термалните извори постојат насекаде во светот, дури и под морињата и океаните. Изворот се смета за термален ако температурата на водата е повисока од онаа на околината.<ref>[http://www.m-w.com/cgi-bin/dictionary?book=Dictionary&va=hot+spring Miriam-Webster Online dictionary definition of hot spring]</ref>, или, според други извори, повисока од телесната температура на човекот (околу 37°C).<ref>[http://www.wordsmyth.net/live/home.php?script=search&matchent=hot+spring&matchtype=exact Wordsmyth definition of hot spring]</ref>
 
Водата која извира од топлите извори се загрева од [[геотермална енергија|геотермалната топлинаенергија]], односно топлината на внатрешноста на Земјата. Температурата на Земјата станува сѐ повисока како што се оди подлабоко, така што водата се загрева од топлите карпи, а во вулканските области и директно од [[магма]]та. Ако водата стане толку топла така што да излегува на површината во вид на млазови, тогаш таа појава се вика [[гејзер]].
 
Топлите извори, поради благотворното дејство на топлата вода збогатена со минерали врз телото на човекот, се користи во медицински цели. Покрај тоа, геотермалните извори се користат и за загревање на оранжерии, системи за централно греење на населени места, и производство на електрична енергија.