Косово и Метохија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 145:
Територијата на Косово била населена уште од антички времиња. На територијата на Косово во антиката опстојувала државата [[Дарданија]] која била населена со древниот народ [[Дарданци]]. Во времето на македонскиот цар [[Филип II Македонски]] (таткото на [[Александар Македонски]]) Дарданија била освоена и приклучена кон [[Македон|Македонското Кралство]].
 
Со доаѓањето на [[Словени]]те на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на [[цар Душан|царот Душан]] и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите [[Грачаница]], [[Дечани]] итн. Во градот [[Пеќ]] во Метохија подоцна ќе биде формирана [[ПеќкаПеќска патријаршија|ПеќкатаПеќската патријаршија]].
 
Кон крајот на XIV век на Косово ќе се одигра една од најголемите битки со Турците Османлии. Во [[1389]] година на Косово Поле на местото Газиместан ќе се одигра познатата [[Косовска Битка]] во која српските кнезови ќе бидат поразени од страна на Турците, а [[Милош Обилиќ]] ќе го убие султанот [[Мурат]] во неговиот шатор. Денес на Газиместан се наоѓа спомен костурница од битката и турбе на султанот Мурат.