Кралство Црна Гора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување на текст
дополнување
Ред 77:
 
== Историја ==
<br />
Принцот [[Никола I Петровиќ|Никола Петровиќ]] ја прогласисл Црна Гора за кралство на 28 август (15 август по стариот календар) 1910 година,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.dlib.me/skenovi/glas-crnogorca-nedjeljni-list-za-politiku-i-knjizevnost1-1910/08-15-broj-35/185.jpg|title=Глас Црногорца|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> со што ја подигнал земјата од тогашниот ранг на кнежевство. Тој се прогласил за крал Никола I, а со земјата владеел од 1861 година како принц. Во текот на своето владеење, посебно на почетокот на [[20 век]], тој иницирал неколку реформи за модернизација на земјата, вовел устав и нова валута наречена [[црногорски пепер]].
[[Податотека:King Nikola of Montenegro.jpg|лево|мини|318x318пкс|Никола I Петровиќ, единствениот крал на Кралството Црна Гора]]
[[Податотека:Serbian and Montenegrin officers in Đakovica, 1913.jpg|лево|мини|247x247пкс|Српски и црногорски офицери во Ѓаковица, во 1913 година.]]
Принцот [[Никола I Петровиќ|Никола Петровиќ]] ја прогласисл Црна Гора за кралство на 28 август (15 август по стариот календар) 1910 година,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.dlib.me/skenovi/glas-crnogorca-nedjeljni-list-za-politiku-i-knjizevnost1-1910/08-15-broj-35/185.jpg|title=Глас Црногорца|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> со што ја подигнал земјата од тогашниот ранг на кнежевство. Тој се прогласил за крал Никола I, а со земјата владеел од 1861 година како принц. Во текот на своето владеење, посебно на почетокот на [[20 век]], тој иницирал неколку реформи за модернизација на земјата, вовел устав и нова валута наречена [[црногорски пепер]].
 
=== Балкански војни ===
На почетокот на 20 век, помеѓу балканските држави бил склопен воено-политички сојуз за војна против [[Отоманско Царство|Османлиите]]. Првичниот договор бил меѓу [[Кралство Грција|Грција]] и [[Царство Бугарија|Бугарија]], на нив им се приклучила [[Кралство Србија|Србија]], а по потпишувањето на спогодбата со Србија, во септември 1912 година, на овој сојуз се приклучила и Црна Гора. Според спогодбата, црногорската војска требала со главниот дел од својата војска да дејствува кон [[Скадар]], северна Албанија и Македонија, а со помалиот дел од војската да се насочи кон [[Нови Пазар]] и [[Санџак]]. Според направената спогодба меѓу членките на сојузот, до 15 октомври [[1912]] година, требало да се објави војна на [[Отоманско Царство|Османлиското Царство]]. Затоа Црна Гора, според таа спогодба, на 26 септември 1912 година им објавила војна на Османлиите. Во времето на објавување на војната, црногорската војска броела нешто повеќе од 35.000 војници. Таа била поделена во три оперативни групи: Приморска, Зетска и Источна. Приморската група броела 8.000 војници, Зетската имала околу 15.000 војници, а Источната околу 13.000 војници. Командант на Приморскиот одред бил бригардирот [[Митар Мартиновиќ]], командант на Зетскиот одред бил престолонаследникот [[Данило Петровиќ (принц)|Данило]], а командант на Источниот одред бил сердарот [[Јанко Вукотиќ]]. Задача на Приморскиот и Зетскиот одред била да го заземат Скадар, кој бил најважната воена цел на Црна Гора, додека Источниот одред имал за задача да го спречи продорот на османлиските сили преку [[Тара]] и да го спречи заземањето на Полиње и Метохија.
 
Воените дејствија започнале истиот ден кога била објавена прокламацијата за објава на војна. Утрото на 26 септември 1912 година, кралскиот син Петар од брдото Горица ги истрелал првите топовски гранати кон турските тврдини. На овој чин бил присутен и кралот Никола. Следел нападот на турските утврдувања во градот [[Тузи]] од страна на Зетскиот одред, и тој бил брзо освоен, со што патот кон Скадар бил отворен. Кон крајот на октомври 1912 година, започнала опсадата на Скадар. Скоро истовремено, Приморскиот одред од [[Бар (град)|Бар]] тргнал кон [[Бојана (река)|Бојана]] и [[Тарабош]] и по заземањето на турските утврдувања и овој одред тргнал да го опседнува Скадар и го освоил градот [[Леска (Албанија)|Леска]] и [[Свети Јован (Албанија)]]. Додека траеле воените операции на Приморскиот и Зетскиот одред на Скадарскиот фронт, Источниот одред тргнал кон Полимље и Метохија. За помалку од 30 дена (од 26 септември до 22 октомври) биле заземени: [[Мојковац]], [[Беране]], [[Бијело Поље]], [[Рожае]], [[Плевља]], [[Плав]], [[Гусиње]], [[Пеќ]] и [[Ѓаковица]]. До крај на октомври (по новиот календар ноември) во сите освоени територии била воспоставена црногорска власт. По завршените воени дејствија, поголем дел од Источниот одред бил префрлен кај Скадар.
Додека траеле воените операции на Приморскиот и Зетскиот одред на Скадарскиот фронт, Источниот одред тргнал кон Полимље и Метохија. За помалку од 30 дена (од 26 септември до 22 октомври) биле заземени: [[Мојковац]], [[Беране]], [[Бијело Поље]], [[Рожае]], [[Плевља]], [[Плав]], [[Гусиње]], [[Пеќ]] и [[Ѓаковица]]. До крај на октомври (по новиот календар ноември) во сите освоени територии била воспоставена црногорска власт. По завршените воени дејствија, поголем дел од Источниот одред бил префрлен кај Скадар.
 
==== Опсадата на Скадар ====
Ред 92 ⟶ 94:
 
=== Нова Црна Гора ===
По завршувањето на војните, на Меѓународната конференција биле исцртани новите граници на Балканот. Црна Гора, иако не го добила [[Скадар]], добила проширување од околу 5000 км<sup>2</sup>. Во нејзиниот состав влегле: Малесија, дел од Новопазарскиот Санџак, дел од Метохија сè до [[Бел Дрим]] и градовите: [[Мојковац]], [[Бијело Поље]], [[Беране]], Рожај[[Рожае]], [[Гусиње]], [[Плав]], [[Пеќ]] и [[Ѓаковица]].  
 
Со новите граници за првапт во новиот век била направена територијална врска меѓу Црна Гора и Србија. Цената за ова била голема – загинале околу 3.100 војници, а околу 6.500 биле ранети.
 
Со територијалното проширување Кралството Црна Гора добило околу 240.000 нови поданици. Од тој број 180.000 биле неправославни и тоа 160.000 [[муслимани]] и 20.000 [[Римокатоличка црква|католици]], со што значително била сменета конфесионалната структура во земјата.
 
„Новата“ Црна Гора по Балканските војни била потполно и културолошки и општествено и политички различна од традиционалната нахијска, стара Црна Гора, која се протегала меѓу [[Скадар]], [[Ловќен]], [[Морача]] и [[Паштровачка Гора]] и која била јадрото на независната држава создадена во [[18 век]]. Гледајќи во целина, воените територијални придобивки во Балканските војни не биле за преголемо радување за Црна Гора. Сиромашната и исцрпена држава добила голем територијален простор, со бројно население, кое, ако сакала да ибидеѝ биде од корист, морала прво административно да го уреди, комуникациски да го поврзе со државното средиште и секако социјално да го култивира. Ниту за еден од овие потфати Црна Гора немала сили. Уште поголем проблем било интегрирањето на новото население кое го сметало Османлиското Царство за своја држава и кај кое големото военавоено насилство дополнително создало поголем отпор вокон интеграцијата. Покрај овие сопствени проблеми, Црна Гора се соочила со друг, можеби и поголем, проблем по Балканските војни. Протерувањето на Османлиското Царство од балканските земји значело губење на важноста и поддршката за Црна Гора од страните земји, првенствено од Русија. Руската политика по 1913 година, јавно и отворено го протежирала својот нов став дека не е потребна заштита на Црна Гора и дека со отстранувањето на Османлиското Царство таа треба да се спои со Србија.<gallery>
Податотека:Černohorské knížectví v roce 1878.jpg|Кнежевството Црна Гора во 1878 година.
Покрај овие сопствени проблеми, Црна Гора се соочила со друг, можеби и поголем, проблем по Балканските војни. Протерувањето на Османлиското Царство од балканските земји значело губење на важноста и поддршката за Црна Гора од страните земји, првенствено од Русија. Руската политика по 1913 година, јавно и отворено го протежирала својот нов став дека не е потребна заштита на Црна Гора и дека со отстранувањето на Османлиското Царство таа треба да се спои со Србија.
Податотека:Montenegro1913 sr.png|Кралството Црна Гора во 1913 година.
Податотека:Černohorské království v roce 1914.jpg|Кралството Црна Гора во 1914 година, со новоосвоените територии.
</gallery>
 
=== Прва светска војна ===
[[Податотека:Mojkovacka bitka.PNG|мини|308x308пкс|Мојковачката битка, 6-7 јануари 1916 година.]]
[[Прва светска војна|Првата светска војна]] започнала [[1914]] година, а завршила во [[1918]] година и била првиот воен судир од глобални размери во историјата на човештвото. Во војната учествувале повеќе од 70 милиони војници, а таа се водела помеѓу двата блока: блокот на [[Централни сили|Централните сили]] и блокот на [[Антанта|Антантата]], на која и припаѓала и Црна Гора.
 
Повод за војната бил [[Атентат врз Франц Фердинанд|атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник]], надвојводата [[Франц Фердинанд]], во [[Сараево]], на 15/28 јуни 1914 година.
 
Веста за атентатот стигнала до [[Цетиње]] истиот ден некаде околу 17 часот. Во тоа време кралот Никола бил во воз на пат меѓу [[Салцбург]] и [[Трст]]. Тој се вратил во Црна Гора два дена по атентатот и веднаш испратил телеграма со сочувство до австроунгарскиот цар [[Франц Јозеф]]. Истовремено во Црна Гора била прогласена 15-дневна дворска жалост. Бидејќи [[Австро-Унгарија]] за одговорна за атентатот ја сметала владата на [[Кралство Србија|Кралството Србија]], таа испратила владина нота со барање до српската влада и таа да учествува во истрагата околу атентатот. Бидејќи српската влада тоа го одбила, истото послужило како повод за објавување на војна на 28 јули 1914 година. Истиот ден кога била објавена војната, кралот Никола спровел мобилизација на војската на Црна Гора. После тоа следеле низа на формални потези: црногорското народно собрание побарало од владата да објави војна на Австро-Унгарија, а кралот и владата на 6 август, согласно со барањето на собранието, донело одлука за објавување на војна. На почетокот од големиот воен судир, во 1914 година, Црна Гора била една од осумте завојувани земји. На една страна биле: [[Руско Царство|Русија]], [[Франција]], [[Обединето Кралство|Велика Британија]], [[Кралство Србија|Србија]], [[Кралство Белгија|Белгија]] и Црна Гора; а на другата страна Австро-Унгарија и [[Германско Царство|Германија]]. Така судирот помеѓу Србија и Австро-Унгарија прераснал во светска војна.
 
Во времето на објавувањето на војната, црногорската војска била поделена во 6 дивизии, со вкупно 35.000 мобилизирани војници. Подоцна, мобилизацијата била проширена и бројот на војниците пораснал прво на 45.000, па на 48.000. Наспроти нив, австроунгарската војска броела 72.000 војници. Имало три главни оперативни региони: околу [[Плевља]], околу [[Грахово]] и на планинскиот масив [[Ловќен]], или т.н. Плеваљски, Херцеговски и Ловќенски фронт.
 
Во текот на првата година од војната, немало судири од поголеми размери меѓу Црна Гора и Австро-Унгарија. Херцеговскиот одред на почетокот од август извршил напад и напредување кон [[Требиње]] и [[Билеќа]], но во средината на август биле принудени да се повлечат, но Австро-Унгарија не успеала да го заземе Грахово. Од октомври следело затишје на воените судири.
 
На фронтот кај Плевља, првите воени судири се случиле во втората половина од август, кога по нападот Австро-Унгарија успеала да го заземе градот. На крајот од август имало заедничка акција со српската војска кон југоисточна [[Босна (регион)|Босна]], при која Црна Гора успеала да го поврати градот. Борбите продолжиле, па во септември биле заземени [[Горажде]] и [[Фоча]], а кон крајот на месецот, по заземањето на планината Романија, тие дошле до [[Сараево]]. По контранападот на Австро-Унгарија, црногорската војска се повлекла.
 
Најмалку борби се воделе на Ловќенскиот фронт. До крајот на декември 1914 година, скоро и да немало воени судири. Во текот на ова затишје црногорската војска успеала во јуни 1915 година да го заземе [[Скадар]].
 
Кога во октомври 1915 година, почнала австроунгарската-германска офанзива на Србија, почнале и судирите на Санџачкиот фронт и до декември со постојаните напади на Австро-Унгарија бил заземен градот [[Плевља]]. Целта била да Австро-Унгарија го заземе правецот Плевља-Мојковац-Матешево за да го спречи повлекувањето на српската војска преку територијата на Црна Гора кон Скадар. По Плевља, тие продолжиле по долината на реката [[Тара]] и кон [[Мојковац]]. Наредбата на врховната команда на црногорската војска била дека непријателот мора да се запре на Тара, дури и по цена на загинување на последниот војник.
 
Со одбраната на воените положби од Тара до Мојковац, српската војска се повлекувала низ Црна Гора по патот за [[Подгорица]], кон Скадар и [[Драч]]. Во почетокот на декември 1915 година, тука се нашла српската влада и врховната воена команда. Операцијата на повлекување и на последните српски сили преку територијата на Црна Гора, завршиле на 5 јануари 1916 година, кога околу 90.000 српски војници се нашле на просторот меѓу Скадар, Драч и [[Тирана]].
 
Австроунгарската офанзива на Црна Гора го достигнала врвот во јануари 1916 година. Целта била потполно да се уништи црногорската војска. Австро-Унгарија имала околу 150.000 војници наспроти 38.000 црногорски војници. Судирот бил на секторот Мојковац-Левер Тара и историски е познат како [[Мојковачка битка]]. Оваа позната и најтешка црногорска битка во Првата светска војна била и нејзина најголема победа, кога малата војска на Црна Гора успешно се спротивставила и успеала да го спречи продирањето на Австро-Унгарија во средиштето на Црна Гора.
 
==== Окупација и ослободување ====
[[Податотека:Alexius WW1 Kapitulation Montenegros.jpg|мини|255x255пкс|Капитулација на црногорската војска во почетокот на 1916 година.]]
Сепак во 1916 година, принцот Мирко и дел од членовите на владата ја потпишале капитулацијата, ја разоружале војската и дозволиле Австро-Унгарија да воспостави своја администрација. Дел од војниците се вратиле дома, дел отишле во комити, а дел избегал  во странство и дел се повлекол заедно со српската војска, преживувајќи ја целата нејзина голгота, за да подоцна заедно влезат на [[Македонски фронт|Солунскиот фронт]]. Австро-Унгарија веднаш по преземањето на администрацијата го укинала [[Кирилица|кириличното писмо]] и ја наметнала [[Латиница|латиницата]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.novosti.rs/vesti/planeta.300.html:466325-CG-I-zivot-hteli-da-daju-za-cirilicu|title=CG: I život hteli da daju za ćirilicu|work=www.novosti.rs|language=sr-Latn|accessdate=2019-03-31}}</ref>
 
Црна Гора била под окупација на Австро-Унгарија во текот на следните две години, а кога во [[1917]] година била потпишана [[Крфска декларација|Крфската декларација]], немало црногорски потписник. По пробивањето на Солунскиот фронт, сојузничките трупи ја окупирале Црна Гора, а откако српската војска влегла во [[Подгорица]], [[Караѓорѓевиќи]] ја искористиле систуацијата и во собранието во Подгорица прогласиле обединување на Црна Гора и Србија.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=4LPfuwer21EC&pg=PA70&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Balkan Anschluss: The Annexation of Montenegro and the Creation of the Common South Slavic State|last=Pavlovic|first=Srdja|date=2008|publisher=Purdue University Press|isbn=9781557534651|language=en}}</ref>
 
=== Обединување со Србија ===
[[Податотека:Andrija Radovic.jpg|лево|мини|267x267пкс|Андрија Радовиќ, главниот заговорник за обединување на Црна Гора со Србија.]]
Кон крајот од [[1918]] година, во договор со [[Црногорски одбор за народно обединување|Црногорскиот одбор за народно обединување]], а без претходен договор со црногорскиот крал [[Никола I Петровиќ|Никола Петровиќ]], биле обединети Србија и Црна Гора.
 
По овој чин избила т.н. [[Божиќна побуна]] на т.н. [[Зеленаши]], кои биле против безусловното обединување со Србија. Таканаречените [[Бјелаши]], кои биле приврзаници на обединувањето со помош на сојузниците ја загушиле побуната. Сепак, воените борби на црногорските комити, кои биле против, продолжиле сѐ до 1924 година, кога тие ја прифатиле амнестијата на кралот [[Александар I Караѓорѓевиќ]].
 
Кралот Никола испратил барање до [[Париска мировна конференција (1919)|Париска мировна конференција]] да се врати независноста на Црна Гора, но неговата молба била одбиена. Тој починал 1921 година, во [[Антиб]] во егзил.
Некои од комитите, Зеленашите и бившите војници на војската на Кралството Црна Гора, по окупацијата на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] во 1941 година, и по формирањето на проокупаторската власт, влегле во состав на антикомунистичката милиција и на вооружените сили (Ловќенска бригада) на новата држава и биле познати под името Крилаши. Овие единици биле расформирани во 1944 година, кога влегле [[Партизан|партизаните]] и [[Југословенска народна армија|ЈНА]].
 
== Административна поделба ==
Во [[1910]] година, бил донесен Новиот закон за административна поделба на земјата, според кој Црна Гора била поделена во десет области и 56 капетании. Со законот, бројот на областите бил двојно зголемен, а бројот на капетаниите останал ист.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?hl=sr&id=zQ01AAAAMAAJ&redir_esc=y|title=Istorija srpske državnosti: Srbija i Crna Gora : novovekovne srpske države|last=Popov|first=Čedomir|publisher=Srpska akademija nauka i umetnosti|language=sr}}</ref>
 
Областите биле: Катунска, Ријечко-љешанска, Приморско-црмничка, Зетска, Брдска, Никшиќка, Вучедолска, Дурмиторска, Морачко-ровачка, Васојевиќка.
 
Новите области добиени по Балканските војни, биле поделени на четири административни области: Пеќска, Беранска, Бјелопољска и Пљеваљска.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.udi.rs/articles/z_andrijasevic_2014_1.pdf|title=О неким особеностима црногорског друштва
1914. године|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
== Галерија ==
<gallery widths="140" heights="140">
Податотека:Mome dragome narodu!.jpg|Кнежевската прокламација од 28 август 1910 година.
Податотека:Proclamation of the Kingdom of Montenegro.jpg|Прогласување на Кралството Црна Гора
Податотека:Crnogorski alaj barjak.png|Црногорски алај барјак, воено знаме
Податотека:Skadar predaja zastave.jpg|Предавање на турското знаме на кралот Никола во Скадар.
Податотека:Montenegrin officers in national costumes, R. Wyon (1904).jpg|Црногорски офицери во народна носија, 1904 година.
Податотека:M 45 14 les monténégrins Lovcen au nord de Cettinié.jpg|Црногорски војници кај Ловќен, 1914 година.
Податотека:Regierungsgebäude in Cetinje. (BildID 15570535).jpg|Владиниот дом во Цетиње, за време на австроунгарската окупација, 1917 година.
</gallery>
 
== Наводи ==
<references /><br />{{Yug-timeline}}
 
== Надворешни врски ==
 
* [https://web.archive.org/web/20151006025741/http://www.thefirstworldwar.net/prvi-svetski-rat/operacije-crnogorske-vojske-1914/ Операции на црногорската војска во 1914 година] (српски)
 
<br />{{Yug-timeline}}
 
[[Категорија:Историја на Црна Гора]]