Дајбог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Distinguish|Дажбог}}
'''Дајбог''', или '''Дабог''', се претпоставува дека е име за хтоничното божество на волците кои биле инкарнација на починатите. Во Мачва е забележана сказна според која Дајбог претставува бог кој одзема души, во Босна пак се верувало дека Св. Арханѓел го зазел местото на Дајбог преземајќи ја улогата на богот на мртвите. Во Србија со името Дабо, Даба се означува врвниот ѓавол. Оттаму и верувањата во Србија дека Дајбог бил најголемиот непријател на Бога. Тој се појавувал и како заштитник на ситниот добиток. Но според името некаде се верува дека тој симболизирал божество кое подарувало, давало благосостојба, бог на благородните метали.
 
Според В. Чајкановиќ помнењето на Дајбог како врвно божество под влијание на христијанството бил пренесен врз повеќе христијански светци и народни јунаци: св. Сава, св. Мрато, св. Јован, св. Архангел, Крали Марко, кнез Лазар, па дури и ѓаволот имал негови обележја. Според своите обележја и обредниот пречек во време на новогодишните празници, Чајкановиќ ова божество го сместил во редот на хтонските битија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дајбог