Блерим Река: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 13:18, 30 март 2019

Блерим Река (22 мај 1960 во Скопје) — универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац. Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет. Поднел кандидатура како независен кандидат за претседателските избори во 2019 година со поддршка на Алијанса за Албанците и Движење Беса.[1]

Блерим Река
Лични податоци
Националност Албанец
Партија Независен
Установа Универзитет на Југоисточна Европа
Занимање професор, дипломат

Наводи

Надворешни врски