Озон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: simple:Ozone
додавање текст
Ред 1:
'''Озонот''' (грч. ozeine, “да мириса”), е бледо син, високо отровен [[гас]] со силен [[мирис]]. Озонот се смета за загадувач на земјино ниво, но [[озонска обвивка|озонската обвивка]] во горните делови на [[атмосфера]]та го заштитува животот на [[Земја]]та од штетната сончева ултравиолетова [[радијација]].
{{хемија-никулец}}
 
'''Озонот''' или трикислород (O<sub>3</sub>) е алотрипска модификација на [[кислород]]от. Неговата молекула е составена од три кислородни атоми. Го има во горните слоеви од атмосферата и ја штити Земјата од ултравиолетовото зрачење
Озонот е една од трите форми, наречени [[алотропи]], на елементот [[кислород]]. Озонот е триатомски кислород, што значи дека има три атоми во секој молекул (формула О<sup>3</sup>). Обичниот, или двоатомски кислород (O<small>2</small>) е повеќе стабилен од озонот и затоа е голема неговата застапеност во атмосферата. Електрични искри и [[ултравиолетово зрачење]] можат да предизвикаат обичниот кислород да се претвори во озон. Присуството на озон понекогаш предизвикува забележителен мирис близу електрични излези.
[[Слика:Ozone-3D-vdW.png|250px|лево|Молекула на озон]]
 
[[Слика:Ozone-3D-vdW.png|250pxthumb|150px|лево|Молекула на озон]]
Во долните делови на атмосферата, озонот,се содржи во мали концентрации. Обвивката на атмосферата од 19 до 48 [[km]] над морско ниво, во слојот [[стратосфера]], содржи поголемо количество на озон, создаден пој дејство на ултравиолетовите зраци од [[Сонце]]то. Дури и во оваа обвивка, процентот на озон е само 0,001 по [[волумен]]. Атмосферските нарушувања носат големи количини озон на Земјата. Човечката активност додава озон во долниот дел од атмосферата, каде станува загадувач и може да предизвика голема штета.
 
Озонската обвивка стана предмет на грижа во раните 1970-ти, кога се пронајдени хемикалии познати како [[хлорофлурокарбонати]] (CFC), или [[хлорофлурометани]], кои се издигнувале во атмосферата во големи количини заради нивната употреба во фрижидери и аеросол распрскувачи. Загриженоста се фокусирала на можноста дека овие [[соединенија]], преку дејството на сончевата [[светлина]], можат хемиски да го нападнат и уништат стратосферскиот озон, кој ја штити земјината површина од преголемо ултравиолетово зрачење. Како резултат на ова, индустриите во светот ги замениле CFC супстанциите во скоро сите нивни употреби.
 
==Својства==
При нормални теператури и [[притисок]] озонот е гас со специфична тежина од 2,144 (околу 1,5 пати од [[густина]]та на кислородниот гас). Озонот се смета за само мал процент од атмосферата и е невидлив, но високи концентрации на озонскиот гас се бледо сини. Гасот се кондензира на -111,9°С , а замрзнува на -192,5°С. Течниот озон е темно син и е диамагнетичен (се одбива од магнетни полиња). Цврстиот озон е темно виолетов. Озонот е многу повеќе хемиски реактивен од обичниот кислород. Се користи за прочистување на [[вода]], стерилизирање на воздухот и за избелување на одредени видови [[храна]].
 
==Ефект врз животната средина==
Озонот на земно ниво преставува опасност по здравјето, предизвикувајќи респираторни [[заболувања]] како [[бронхитис]] и [[астма]]. Истотака ја оштетува и вегетацијата и предизвикува гумата и некои пластики да се декопензираат. [[Азот]]ните оксиди и штетните органски гасови емитувани од автомобилите комбинирани со индустриските извори предизвикуваат формирање на озон. Во 1998, Агенцијата за Заштита на Животната Средина на Соединетите Американски Држави (ЕРА), имплементирала нов закон дизајниран да се намали количеството на азотни оксиди ослободени од фабриките со погон на [[јаглен]]. Многу градови издаваат јавни предупредувања кога нивото на озон во воздухот достигне опасно ниво.
 
Озонот, пак, во горниот дел од атмосферата, е витален за животот. Овој озон се формира од дејството на ултравиолетовите зраци од Сонцето на молекулите на обичен кислород. Озонската обвивка го апсорбира ултравиолетовото зрачење така да тоа никогаш не стигнува до пвршината на Земјата. Одредени индустриски соединенија предизвикуваат озонот да се распаѓа, отворајќи дупки во озонската обвивка и го изложува живиот свет на површината на опасни нивоа на ултравиолетово зрачење. Еден едiнствен атом на хлор, на пример, може да уништи стотици или илјадници молекули на озон бидејќи [[хлор]]от делува како [[катализатор]] и не е вклучен во процесот.
 
[[af:Osoon]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озон