Павел Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
с Костур е во Егејска Македонија.
Ред 14:
 
== Биографија ==
Павле Христов е роден [[1874]] г. во битолското село [[Цапари]]. Завршил гимназија во [[Лом]] во [[1894]] година и се вратил во [[Македонија (регион)|Македонија]] како учител. Учителствувал во [[Прилеп]], [[Кичево]], [[Костур]] и [[Битола]]. Во [[1895]] година влегол во редовите на Внатрешната организација и брзо напредувал во нејзината хиерархија. Станал раководител на Костурската револуционерна околија (1898 - 1901), а му помагале му Кузо Стефов, Лазар Младенов и Михаил Николов. Во [[1901]] година бил уапсен од отоманските власти и поминал 3 години во [[Корча|корчанскиот]] затвор.
 
По [[Илинденското востание]] во 1903 година бил избран за раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]]. На [[Рилскиот конгрес]] во 1905 година е делегат од Битолскиот округ, а на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во 1908 година е избран за член на Централниот комитет. По [[Младотурската револуција]] бил училишен инспектор во [[Битола]].<ref>[http://www.scribd.com/doc/50398723/%D0%97%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0 Колектив, Значајни личности за Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, стр. 246-247]</ref>