Свети Наум Охридски Чудотворец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 87.97.209.12 (разговор), вратено на последната верзија на Sashko1999
Ознака: Отповикување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Инфокутија за светец
|name=Св. Наум ОхридскиПреславски Чудотворец
|birth_date=са. [[830]]
|death_date={{починал на|23|декември|910}}
Ред 7:
|image=SaintNaum.jpg
|imagesize=250px
|caption=Икона на св. Наум ОхридскиПреславски
|birth_place=
|death_place= [[Охрид]], денес [[Република Македонија]]
Ред 25:
|prayer_attrib=
}}
'''Свети Наум Охридски Чудотворец''' (са. [[830]] - [[23 декември]] [[910]]) - [[Среден век|средновековен]] словенскибугарски научник, [[писател]], учител, и еден од основоположниците на [[Словенска писменост|словенската писменост]] и [[Македонска книжевност|македонската писменост]] и просвета.
[[Податотека:Св Наум.JPG|мини|лево|Манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на [[Охридското Езеро]]]]
 
Ред 31:
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон [[христијанство]]то, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на [[Св. Кирил и Методиј|светите Кирил и Методиј]]. Со нив, тој учествувал во [[Моравска мисија|Моравската мисија]], а го ширел [[христијанство]]то и во [[Панонија]], [[Девол]], [[Илирик]] и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во [[Прво бугарско царство|Првото бугарско царство]], каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината [[Велики Преслав]], каде се приклучил во работата на [[Преславската книжевна школа]]. Подоцна Наум заминал во [[Охрид]], каде му се приклучил на св. Климент во работата на [[Охридската книжевна школа]].<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
Св. Наум бил еден од основачите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], каде работел како учител од [[886]] до [[893]] година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]], во [[893]] година, кога [[Свети Климент Охридски|Климент]] бил назначен од бугарскиот цар [[Борис I]] за [[Словени|словенски]] [[епископ]] во [[Дебарца|Дрембица]] и [[Белград (Албанија)|Велика]], на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] бил назначен св. Наум ОхридскиПреславски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во [[900]] година се повлекол во [[Манастир|манастирот]] посветен на [[Архангел Михаил|свети Архангел Михаил]]. Во манастирот, св. Наум собрал големо [[монах|монашко]] братство.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
Познато е дека се занимавал со [[Литература|литературна дејност]], но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на [[црковнословенски јазик]], се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во [[Народна медицина|народната медицина]] и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум ОхридскиПреславски му се припишуваат делата:
* [[Канонот за апостолот Андреј]]; и
* [[Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст]].
 
Свети Наум ОхридскиПреславски Чудотворецот починал на [[23 декември]] [[910]] година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
==Култот на св. Наум==
Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за [[светец]], поради чудата кои се случувале на неговиот [[гроб]] и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во [[Македонија]], како и во [[Бугарија]], [[Албанија]] и [[Грција]].
 
Во посланието на [[Архиепископ Охридски Јосиф|охридскиот архиепископ Јосиф]] од [[21 мај]] [[1740]] година се вели дека „чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“. Сепак, првите легенди и преданија за неговите чуда биле објавени во втората половина на [[19 век]]. Во [[1925]] година, српскиот епископ во [[Охрид]], владиката Николај, издал книшка со триесет чуда, преданија и кажувања за св. Наум, пишувајќи дека „Св. Наум е почитуван и живее како опомена и совест во душите на луѓето“. Во една легенда се вели дека охридскиот цар му го изградил манастирот на св. Наум, додека во друга легенда, запишана од [[Бранислав Нушиќ]], се вели дека манастирот бил царски дворец кој св. Наум го добил како подарок за излекувањето на царската ќерка.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 25.</ref>
 
== Наводи ==