Слобода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
====== '''Слобода''' ======
 
:“Слободата отсекогаш во суштина се состоела од правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш, неприсилен, немалтретиран, непроголтан од масивен [[Бирократија|бирократски]] [[систем]]; како и од правото да пружиш отпор, да бидеш непопуларен, да застанеш зад своите уверувања само затоа што се твои уверувања. Така изгледа вистинската слобода, и без неа не може да има ниту слобода од било каков вид, ниту пак [[илузија]] на слобода.” ([[Исаија Берлин]], [[Слобода и нејзиното предавство]]) Без слобода нема ништо на овој свет.
 
Што се подразбира под политичка слобода? Во [[Антика|античкиот свет]], особено кај [[Грци|Грците]], да бидеш слободен значело да учествуваш во управувањето со својот [[град]]. Законите важеле само во оној степен во кој поединецот учествувал во нивното кроење и укинување. Да се биде слободен не значело да се почитуваат [[Закон|закони]] создадени од други, а кои важеле за оној кој не ги [[Гласање|гласал]]. Овој вид на [[демократија]] подразбирал дека власта и законите биле слободни да навлезат во сите животни сфери. Никој ниту бил слободен од, ниту пак барал слобода од таквиот надзор. Демократите без исклучок тврделе дека секој човек подеднакво подлежи на [[критика]], истрага, и по потреба оптужба пред законите во интерес на изградбата и одржувањето на простор отворен за учество на [[Граѓанин|граѓаните]].
Ред 31:
 
:„Во природната состојба, слободата ја среќаваме во форма на непопреченост на поединецот од страна на било каква надмоќна сила. Ваков тип на слобода поседуваат луѓето кои не подлежат на туѓата волја или [[законодавна власт]], туку се потчинуваат само на законите на природата. Во политичкото [[општество]], поимот слобода го добива значењето на непопреченост од страна на било каква законодавна власт освен од онаа на која по пат на општа согласност ќе и’ се потчини заедницата. Луѓето се слободни од присилата на оние изрази на туѓата волја и од правните ограничувања кои не произлегуваат од самоникнатата законодавна власт во оној степен во кој таа ја ужива нивната доверба. Од тоа следи дека слободата не се состои од, како што ја опишува Сер Роберт Филмер: „Слобода на сите да го прават она што го посакуваат, да живеат онака како што посакуваат, непопречени од било какви [[Закон|закони]]“. Слободата е ограничена од закони во природната и во политичката состојба. Природната слобода претставува состојба на неограниченост од сите закони освен законот на природата. Слободата на луѓето кои што живеат под влада е ограничена само од оние правила кои ги почитуваат сите припадници на општеството, а кои ги создава законодавната власт која општеството ја воспоставува. Поединците имаат право или слобода да 1) постапуваат во склад со сопствената волја секогаш кога тоа не се коси со законот и 2) да не подлежат на каприците на несигурната, непостојаната и произволната волја на другиот.“<ref>Two Treatises on Government: A Translation into Modern English, ISR/Google Books, 2009, p. 76</ref>
[[File:John-stuart-mill-sized.jpg|thumb|145px|right|[[John Stuart Mill]].|врска=Special:FilePath/John-stuart-mill-sized.jpg]]
 
[[Џон Стјуарт Мил]] е првиот кој, во неговата книга „За слободата“ ја препознава разликата помеѓу слободата сфатена како можност/моќ за делување, која ја спротивставува на слободата сфатена како отсуство на присила. Во неговата книга „Две поимања на слободата“, [[Исаија Берлин]] ги сместува разликите помеѓу овие две перспективи во формална рамка која прави дистинкција помеѓу два спротивставени поимања на слободата: позитивна слобода и негативна слобода. Вториот вид означува состојба на отсуство/заштитеност од појавата на [[тиранија]] и самоволие на [[Власт|властите]], додека првиот означува присуство на средства/можности за делување (наспроти само отсуство на присилно спречување).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Слобода