Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

(→‎Драмско творештво: дополнување)
(→‎Драмско творештво: дополнување)
 
 
==Драмско творештво==
Лорка бил голем љубител на [[театар]]от и длеувалделувал како организатор, [[режисер]], [[сценограф]] и [[композитор]] на драмски претстави.На едноВо свое[[1931]] предавањегодина, тојзаедно рекол: „Преку театарот поезијата се одделува одсо [[книгаЕдуардо Угарте]]та и се инкарнира. Тогаш таа зборува, вика,Лорка плачебил иназначен очајува...за Театарот е школадиректор на плачотуниверзитетскиот и[[театар]] смеата„La иBarraca“, слободнаво трибинакој на која луѓето можат да ги изнесат на видело старитеработел и лажникако [[моралрежисер]]и. иСо сотеатарот, живЛорка примерпатувал даниз ги објаснат вечните закони населата човечкотоширум [[срцеШпанија]] и на негвоите чувства... театарот што не го сфаќа социјалниот пулс, историскиотприкажувајќи пулс,ги драматапретставите на својот народ и чистата поја на својот пејзаж и на својто дух, со смеата икласиците: [[Солза|солзитеСервантес]], нема[[Лопе праводе да се нарече театарВега]], туку[[Тирсо игралиштеде илиМолина]] местои во[[Калдерон коеде села вршиБарка онаа- страотна работа што се вика „убивање на времето“Педро|Калдерон]]. овиеВо сфаќања во потполност се предочени во драмскиот опустекот на Лорка[[1933]]-[[1934]] игодина такапатувал можепо да[[Јужна се објасниАмерика]] неговото враќање кон шпанскиот златен век([[Аргентина]], неговата љубов кон [[Маска|маскитеБразил]] и [[Марионета|марионетитеУругвај]]), патувањатаа во шпанскитеАргентина селаостанал ицели рецитаторскитешест вечеримесеци, со неговитережирајќи ги своите пријателидрами.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 163155-156.</ref>
 
Драмското творештво на Лорка може да се подели во две категории: во првата, со дискретност и интелектуална воздржаност, а повремено и со херметичност, тој ја застапува тезата за популарен, комуникативен театар; втората група ја сочинува трилогијата „Крвави свадби“ (1933), „Јерма“„[[Јерма]]“ (1934) и „Домот„[[Домот на Бернарда Алба“Алба]]“ (1936), која го претставува врвот на неговото драмско творештво. Меѓу овие две групи се наоѓаат пиесите: „[[Маријана Пинеда]]“ (1933), „[[Чудесната чевларка]]“ (1933), „[[Љубовта на Дон Перлимплин со убавата Белиса во неговата градина]]“ (1933) и „[[Дона Розита или говорот на цвеќето]]“ (1935). Во драмите на Лорка најчесто се обработени класичниот мотив на растурената [[свадба]], стерилноста на човекот и на институциите и одбраната на [[морал]]от. Меѓутоа, овие традиционални мотиви во себе зрачат висока трагика и повеќеслојна поезија. Во нив особено силно се прикажани ликовите на жените, исполнети со трагика, со претчувство на смртта што доаѓа и со чемерна болка. Во тој поглед, [[Жан Касу]] вели дека драмите на Лорка се „[[алгебра]] на фаталноста“.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 164-165.</ref> <ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 156.</ref>
 
На едно свое предавање, Лорка рекол: „Преку театарот поезијата се одделува од [[книга]]та и се инкарнира. Тогаш таа зборува, вика, плаче и очајува... Театарот е школа на плачот и смеата и слободна трибина на која луѓето можат да ги изнесат на видело старите и лажни [[морал]]и и со жив пример да ги објаснат вечните закони на човечкото [[срце]] и на негвоите чувства... театарот што не го сфаќа социјалниот пулс, историскиот пулс, драмата на својот народ и чистата поја на својот пејзаж и на својто дух, со смеата и [[Солза|солзите]], нема право да се нарече театар, туку игралиште или место во кое се врши онаа страотна работа што се вика „убивање на времето“.“ Овие сфаќања во потполност се предочени во драмскиот опус на Лорка и така може да се објасни неговото враќање кон шпанскиот златен век, неговата љубов кон [[Маска|маските]] и [[Марионета|марионетите]], патувањата во шпанските села и рецитаторските вечери со неговите пријатели.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 163.</ref>
 
[[Драмска уметност|Драмскиот]] опус на Лорка, кој е инспириран од истите мотиви како и неговата поезија, претставува напор за воспоставување рамнотежа меѓу старите форми и новите содржини. Неговото драмско творештво претставува премин од поезијата кон драмата при што цврстите драматуршки структури се отвораат ги примат во себе распеаните слики на неговата фантазија. Во неговите драми насекаде е присутна поезијата - во ослободувањето на [[Натурализам|натуралистичките]] сцени од нивниот груб набој, во универзализацијата на трагиката и во облагородувањето на горчливиот [[хумор]]. И тогаш кога сценските целини во кои се прикажуваат исечоци од шпанското секојдневие, и тогаш кога тие се плод на неговата бујна поетска имагинација, позијата е длабоко во функција на пиесата, во нејзините модерни [[симбол]]и, во атмосферата и во сензибилитетот. Благодарение на тие вредности, драмскиот опус на Лорка молскавично ги освоил сцените во [[Шпанија]] и Во [[Латинска Америка]], а по неговата смрт и европските [[театар]]ски сцени.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 162-163.</ref>