Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 57:
 
==Драмско творештво==
Лорка бил голем љубител на [[театар]]от и длеувал како организатор, [[режисер]], [[сценограф]] и [[композитор]] на драмски претстави.На едно свое предавање, тој рекол: „Преку театарот поезијата се одделува од [[книга]]та и се инкарнира. Тогаш таа зборува, вика, плаче и очајува... Театарот е школа на плачот и смеата и слободна трибина на која луѓето можат да ги изнесат на видело старите и лажни [[морал]]и и со жив пример да ги објаснат вечните закони на човечкото [[срце]] и на негвоите чувства... театарот што не го сфаќа социјалниот пулс, историскиот пулс, драмата на својот народ и чистата поја на својот пејзаж и на својто дух, со смеата и [[Солза|солзите]], нема право да се нарече театар, туку игралиште или место во кое се врши онаа страотна работа што се вика „убивање на времето“.“ овие сфаќања во потполност се предочени во драмскиот опус на Лорка и така може да се објасни неговото враќање кон шпанскиот златен век, неговата љубов кон [[Маска|маските]] и [[Марионета|марионетите]], патувањата во шпанските села и рецитаторските вечери со неговите пријатели.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 163.</ref>
 
[[Драмска уметност|Драмскиот]] опус на Лорка, кој е инспириран од истите мотиви како и неговата поезија, претставува напор за воспоставување рамнотежа меѓу старите форми и новите содржини. Неговото драмско творештво претставува премин од поезијата кон драмата при што цврстите драматуршки структури се отвораат ги примат во себе распеаните слики на неговата фантазија. Во неговите драми насекаде е присутна поезијата - во ослободувањето на [[Натурализам|натуралистичките]] сцени од нивниот груб набој, во универзализацијата на трагиката и во облагородувањето на горчливиот [[хумор]]. И тогаш кога сценските целини во кои се прикажуваат исечоци од шпанското секојдневие, и тогаш кога тие се плод на неговата бујна поетска имагинација, позијата е длабоко во функција на пиесата, во нејзините модерни [[симбол]]и, во атмосферата и во сензибилитетот. Благодарение на тие вредности, драмскиот опус на Лорка молскавично ги освоил сцените во [[Шпанија]] и Во [[Латинска Америка]], а по неговата смрт и европските [[театар]]ски сцени.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 162-163.</ref>