Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

(→‎Драмско творештво: дополнување)
 
==Драмско творештво==
[[Драмска уметност|Драмскиот]] опус на Лорка, кој е инспириран од истите мотиви како и неговата поезија, претставува напор за воспоставување рамнотежа меѓу старите форми и новите содржини. Неговото драмско творештво претставува премин од поезијата кон драмата при што цврстите драматуршки структури се отвораат ги примат во себе распеаните слики на неговата фантазија. Во неговите драми насекаде е присутна поезијата - во ослободувањето на [[Натурализам|натуралистичките]] сцени од нивниот груб набој, во универзализацијата на трагиката и во облагородувањето на горчливиот [[хумор]]. И тогаш кога сценските целини во кои се прикажуваат исечоци од шпанското секојдневие, и тогаш кога тие се плод на неговата бујна поетска имагинација, позијата е длабоко во функција на пиесата, во нејзините модерни [[симбол]]и, во атмосферата и во сензибилитетот. Благодарение на тие вредности, драмскиот опус на Лорка молскавично ги освоил сцените во [[Шпанија]] и Во [[Латинска Америка]], а по неговата смрт и европските [[театар]]ски сцени.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 162-163.</ref>
 
== Лорка како музичар ==