Птици (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
Мелани кришум со кајче успева да дојде до куќата на Мич, оставајќи го изненадувачкиот подарок (кафез со пар заљубени птици), но Мич успева да ја лоцира Мелани и со возилото се упатува на спротивната страна од брегот каде Мелани треба да го врати позајменото кајче. Додека управува со кајчето, Мелани е нападната од [[галеб]] и со раскрвавена рана на главата стигнува на брегот. Мич и притекнува напомош и по мала интервенција во локалната кафеана, Мич ја кани Мелани дома на вечера, што Мелани со задоволство прифаќа.
 
Мајка му Лидија ја препознава Мелани од аферите во дневните печати и не е многу одушевена од нејзиното присуство кај нив дома, но не може да се воздржи од нејзината убавина, како и од гестот со изненадувачкиот подарок. Мелани го забележува тоа и инсистира да оди да ноќева во изнајменатаизнајмена соба кај учителката Ани бидејќи мора утредента да заминува дома во [[Сан Франциско]] и покрај поканата од малата Кати да остане да ноќева во нивната куќа. Додека нервозно разговара со Ани за тоа како поминала на вечера кај Мич, зазвонува телефонот на Ани. Мич се извинува на Мелани за дрското однесување на неговата мајка Лидија и истовремено ја кани утредента попладне да присуствува на роденденот на Кати. Во тој момент силен удар во вратата ја потресува куќата на Ани, тоа е еден огромен мртов галеб.
 
На роденденската забава на Кати организирана во дворот од семејната куќа присуствуваат сите деца од училиштето, поканетата Мелани, како и учителката Ани. Видливо е присуството на големо јато нервозни [[галеб|галеби]]. Одеднаш галебите ги напаѓаат сите присутни, кои спас наоѓаат криејќи се во куќата. Сериозни последици нема освен неколку мали огреботини кај децата. Сите се збунети што се случува!?! Вечерта со затворени прозорци и врати сите се чувствуваат безбедно во куќата додека вечераат. Мајката Лидија забележува дека заљубените птици воопшто не сакаат да јадат. Одеднаш роеви гладни и нервозни [[Врапче камењарче|врапчиња]] влегуваат низ оџакот од каминот и ги напаѓаат присутните. Повторно, сериозни последици нема освен што сите се многу исплашени и вознемирени. Предизвикан е голем неред и штета во домот. Испаничени го повикуваат локалниот заменик шериф Ал Мелоун ([[Малком Етербури]]) кој ги разбира поплаките на Мич, верува дека е така, но не знае како би можел да им помогне. Евидентно е дека мајката Лидија жали за скапите искшени порцелански сервиси, почнувајќи суеверно да се сомнева дека сево ова птиците го прават предизвикани од Мелани. Мелани се решава да остане да ноќева кај Мич за да ја смири видно вознемирената Кати.