Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
Во едно предавање за Лорка, одржано во [[Париз]] во 1937 година, Пабло Неруда опишал една случка во која Лорка како да ја претчувтсвувал својата блиска [[смрт]]: „Една [[ноќ]], во некое [[село]] во [[Естремадура]], не можејќи да заспие, тој станал пред [[зора]]та... Федерико седнал загледан во [[сонце]]то што се крева меѓу две стари срушени статуи... Ги набљудувал Федерико скршените торза пламнати во белината на изгрејсонцето, кога едно јагне оддалечено од своето стадо почнало да пее блиску до него. Наеднаш му го пресекле патот пет или седум црни [[Свиња|свињи]] што се нафрлиле на јагнето и за неколку минути, пред неговото изненадување и ужас, го раскинале и изеле. Федерико, обземен од исконски [[страв]], здрвен од ужас, ги гледал црните свињи како го убиваат и растргнуваат јагнето меѓу усраните статуи, во таа осамена мугра. Додека ми го раскажуваше ова, по враќањето во [[Мадрид]], неговиот глас трепереше, трагедијата на смртта толку ја беше обзела до [[делириум]] неговата сенизбилност на дете... Можеби на овој голем поет, нежен и пророчки, животот однапред и како страшен симбол му ја подари визијата на неговата сопствена смрт.“<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 165-166.</ref>
 
== Поезијата на Лорка ==
== Творештво ==
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата [[Андалузија]], за кулите, камбаните и зорите на [[Гранада]], [[бик]]овите и тореросите, [[Роми|Циганите]] и нивните песни и ритми, насадите со [[маслина|маслини]] и [[портокал]]и итн. Неговите [[стих]]ови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - [[ултраизам]] (шпанска варијанта на [[модернизaм|модернизмот]]), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.
 
Своето прво дело Лорка го објавил во 1918 година - збирката песни во проза „[[Импресии и пејзажи]]“, а во 1921 година се појавила неговата прва поетска збирка, „Книга„[[Книга песни“со песни|Книга песни]]“. Во 1925 година објавил неколку песни од подоцнежните збирки „Цигански„[[Цигански романсеро“романсеро]]“ и „[[Песната на Канте ходно]]“ и ја завршил драмата во стихови „[[Маријана Пинеда]]“ која била поставена на сцената две години подоцна, во [[режија]] на [[Маргарита Хиргу]], а [[сценографија]]та била дело на [[Салвадор Дали]]. Во 1927 година го напишал есејот „Поетската слика кај Гонгора“; една година подоцна излегла од печат збирката „[[Цигански романсеро]]“, а истата година напишал неколку песни од подоцнежната збирка „[[Поетот во Њујорк]]“; во 1930 година, во [[Мадрид]] била поставена неговата пиеса „[[Чудесната чевларка]]“; во 1931 година била објавена збирката „[[Песната„Песната на Канте хондо]]“хондо“, како и некои песни од „Поетот во Њујорк“, а истовремено почнал да го пишува циклусот „[[Тамаритски диван]]“; во 1933 година биле прикажани драмите „[[Крвави свадби]]“ и „[[Љубовта на дон Перлимплин]]“; во 1934 година се одржала првата изведба на драмата „[[Јерма]]“ и ја напишал поемата „[[Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас|Тажачката за И. С. Мехијас]]“, која ја прочитал во Мадридскиот театар при стотата претстава на „Јерма“; во 1935 година излегле од печат шесте галициски песни, како и неколку газели и касиди, а ја напишал и „Дона Росита или говорот на цвеќето“; во 1936 година биле објавени „Крвави свадби“ и „Први песни“, а пред поетите Гиљен, Алонсо и де Торе за првпат ја прочитал драмата „[[Домот на Бернарда Алба]]“. Првите собрани дела на Лорка биле објавени во 1938 година, во [[Буенос Аирес]], а во Шпанија, неговите собрани дела биле објавени дури во 1954 година.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-157.</ref>
 
Најпознати негови дела се:
Ред 47:
Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка: „Сега пишувам [[поезија]] за да се отворат [[Вена|вените]], со [[емоција]] во која се огледува целата моја љубов кон нештата и мојата радост кон нештата. Љубовта на смртта и фарсата на [[смрт]]та. [[Љубов]]та. Моето [[срце]]. Така е тоа. По цел ден развивам, како некаква [[фабрика]], поетска активност“.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.</ref> Во друга прилика, на едно предавање за својата поетика, тој истакнал дека „не верува во уметникот што седи, туку во уметникот кој е постојано во движење“.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 153.</ref>
 
===Осврт кон творештвотопоезијата на Лорка===
Творештвото на Лорка било предмет на бројни студии, предавања, есеи и книги, а за него пишувале: [[Рафаел Алберти]], Алтолагире, Сернуда, Хименес, Дали, Мачадо, Гиљен, Хернандес, [[Пабло Неруда]], Паро, Пандолфи, Диего, Касу, Салинас, де Торе, Цара, Беламиш, итн.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 157.</ref>
 
Ред 55:
 
Ако во поезијата на Лорка треба да се издвојат главните точки, тоа се збирките: „[[Песната на Канте ходно|Длабоки песни]]“, „[[Цигански романсеро]]“, „[[Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас]]“ и „[[Поетот во Њујорк]]“. Навистина, меѓу нив, Лорка создал голем број сериозни остварувања (оди, газели, касиди итн.), но во овие неколку збирки доаѓа до израз она што е вистински ново и вредно во творештвото на Лорка. „[[Песната на Канте хондо]]“ е целосно свртена кон изворите на сигирии, [[Саета|саети]] и [[Солеа|солеи]], задлабочена во [[бунар]]от на [[гитара]]та и во сеќавањата на [[Шпанија]] од минатото. Иако збирката содржи цел регистер на музичкиот [[фолклор]] и народната поезија, сепак таа претставува вистинска [[Модернизам|модерна]] [[лирика]]. Народниот фолклор е инспирација и за најпознатото дело на Лорка, „Цигански романсеро“, а со „Тажачката за Игансио Санчес Мехијас“ се заокружува поезијата на Лорка инспирирана од типично шпанските теми. Збирката „Поетот во Њујорк“, објавена посмртно, претставува речиси единственото негово излегување надвор од шпанските теми и со него Лорка навлегол во сцоијално ангажираната поезија. Во сите дела на Лорка постојано се провлекуваат два мотива: [[љубов]]та и [[смрт]]та, кои во неговата поезија се преточени во единство. Лорка пее за љубовта кон Шпанија, кон жената, кон убавината на светот, а над љубовта, како судбина и како неизбежна вистина, се наднесува смртта.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 158-162.</ref>
 
==Драмско творештво==
 
== Лорка како музичар ==