Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

→‎Биографија: дополнување
(→‎Биографија: дополнување)
 
Во [[1931]] година, заедно со [[Едуардо Угарте]], Лорка бил назначен за директор на универзитетскиот театар „La Barraca“, во кој работел и како [[режисер]]. Со театарот, Лорка патувал низ селата ширум [[Шпанија]], прикажувајќи ги претставите на класиците: [[Сервантес]], [[Лопе де Вега]], [[Тирсо де Молина]] и [[Калдерон де ла Барка - Педро|Калдерон]]. Во текот на [[1933]]-[[1934]] година патувал по [[Јужна Америка]] ([[Аргентина]], [[Бразил]] и [[Уругвај]]). Во Аргентина останал цели шест месеци, исполнети со предавања, режирање и соработка со разни списанија. Во декември [[1934]] година се вратил во [[Шпанија]]. Во 1936 година, Лорка се подготвувал за ново патување во Њујорк и во [[Мексико]], но во јули започнал бунтот на генералот [[Генерал Франко|Франко]]. Истата година, на 16 август, Лорка се вратил во родната Гранада. На 19 август 1936 година, поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.</ref> <ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-156.</ref>
 
Во едно предавање за Лорка, одржано во [[Париз]] во 1937 година, Пабло Неруда опишал една случка во која Лорка како да ја претчувтсвувал својата блиска [[смрт]]: „Една [[ноќ]], во некое [[село]] во [[Естремадура]], не можејќи да заспие, тој станал пред [[зора]]та... Федерико седнал загледан во [[сонце]]то што се крева меѓу две стари срушени статуи... Ги набљудувал Федерико скршените торза пламнати во белината на изгрејсонцето, кога едно јагне оддалечено од своето стадо почнало да пее блиску до него. Наеднаш му го пресекле патот пет или седум црни [[Свиња|свињи]] што се нафрлиле на јагнето и за неколку минути, пред неговото изненадување и ужас, го раскинале и изеле. Федерико, обземен од исконски [[страв]], здрвен од ужас, ги гледал црните свињи како го убиваат и растргнуваат јагнето меѓу усраните статуи, во таа осамена мугра. Додека ми го раскажуваше ова, по враќањето во [[Мадрид]], неговиот глас трепереше, трагедијата на смртта толку ја беше обзела до [[делириум]] неговата сенизбилност на дете... Можеби на овој голем поет, нежен и пророчки, животот однапред и како страшен симбол му ја подари визијата на неговата сопствена смрт.“<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 165-166.</ref>
 
== Творештво ==