Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

Уште се својата прва збирка „[[Книга со песни]]“ од 1921 година, Лорка го свртел вниманието како исклучителна новина во [[Шпанска поезија|шпанската поезија]]. Исполнета со младешките возбуди и спомените од детството, збирката ја бара рамнотежата меѓу богатата шпанска книжевна традиција и новите тенденции, особено надреализмот и ултраизмот. Оваа збирка ги содржи песните „Сенката на мојата душа“ и „Балада за морската вода“ - првата е младешка, нежна песна со нова поетска структура, слободен стих и со мека инкантација на асонансите, а втората густа синтеза на болката која ги навестува идните нежни и блескави пејсажи на Лорка. Овој период од неговото творештво е многу значаен зашто во него се започнати [[Цигани|циганските]] [[Романса (поезија)|романси]] и „длабоките песни“ кои подоцна ќе го кренат во врвот на шпанската поезија. Заедно со своите врсници Гиљен, Алберти, Диего, Салинас и Алтолагире, Лорка ги прифатил идеите на неговите претходници од познатата генерација на 1898 година и ја започнал големата обнова на шпанската поезија. Токму 1920-тите се пресудни во формирањето на поетскиот профил на Лорка, а тоа е времето кога тој созреал духовно и интелектуално, го култивирал својто поетски [[јазик]], го згустил поетскиот израз, а неговата поезија се исполнува со богати духовни содржини.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 156-158.</ref>
 
Ако во поезијата на Лорка треба да се издвојат главните точки, тоа се збирките: „[[Песната на Канте ходно|Длабоки песни]]“, „[[Цигански романсеро]]“, „[[Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас]]“ и „[[Поетот во Њујорк]]“. Навистина, меѓу нив, Лорка создал голем број сериозни остварувања (оди, газели, касиди итн.), но во овие неколку збирки доаѓа до израз она што е вистински ново и вредно во творештвото на Лорка. „[[Песната на Канте хондо]]“ е целосно свртена кон изворите на сигирии, [[Саета|саети]] и [[Солеа|солеи]], задлабочена во [[бунар]]от на [[гитара]]та и во сеќавањата на [[Шпанија]] од минатото. Иако збирката содржи цел регистер на музичкиот [[фолклор]] и народната поезија, сепак таа претставува вистинска [[Модернизам|модерна]] [[лирика]]. Народниот фолклор е инспирација и за најпознатото дело на Лорка, „Цигански романсеро“, а со „Тажачката за Игансио Санчес Мехијас“ се заокружува поезијата на Лорка инспирирана од типично шпанските теми. Збирката „Поетот во Њујорк“, објавена посмртно, претставува речиси единственото негово излегување надвор од шпанските теми и со него Лорка навлегол во сцоијално ангажираната поезија. Во сите дела на Лорка постојано се провлекуваат два мотива: [[љубов]]та и [[смрт]]та, кои во неговата поезија се преточени во единство. Лорка пее за љубовта кон Шпанија, кон жената, кон убавината на светот, а над љубовта, како судбина и како неизбежна вистина, се наднесува смртта.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 158-159162.</ref>
 
== Лорка како музичар ==