Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

с
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата [[Андалузија]], за кулите, камбаните и зорите на [[Гранада]], [[бик]]овите и тореросите, [[Роми|Циганите]] и нивните песни и ритми, насадите со [[маслина|маслини]] и [[портокал]]и итн. Неговите [[стих]]ови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - [[ултраизам]] (шпанска варијанта на [[модернизaм|модернизмот]]), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.
 
Своето прво дело Лорка го објавил во 1918 година - збирката песни во проза „[[Импресии и пејзажи]]“, а во 1921 година се појавила неговата прва поетска збирка, „Книга песни“. Во 1925 година објавил неколку песни од подоцнежните збирки „Цигански романсеро“ и „[[Песната на Канте ходно]]“ и ја завршил драмата во стихови „[[Маријана Пинеда]]“ која била поставена на сцената две години подоцна, во [[режија]] на [[Маргарита Хиргу]], а [[сценографија]]та била дело на [[Салвадор Дали]]. Во 1927 година го напишал есејот „Поетската слика кај Гонгора“; една година подоцна излегла од печат збирката „[[Цигански романсеро]]“, а истата година напишал неколку песни од подоцнежната збирка „[[Поетот во Њујорк]]“; во 1930 година, во [[Мадрид]] била поставена неговата пиеса „[[Чудесната чевларка]]“; во 1931 година била објавена збирката „[[Песната на Канте хондо]]“, како и некои песни од „Поетот во Њујорк“, а истовремено почнал да го пишува циклусот „Тамаритски„[[Тамаритски диван“диван]]“; во 1933 година биле прикажани драмите „[[Крвави свадби]]“ и „[[Љубовта на дон Перлимплин]]“; во 1934 година се одржала првата изведба на драмата „[[Јерма]]“ и ја напишал поемата „Тажачката„[[Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас|Тажачката за И. С. Мехијас“Мехијас]]“, која ја прочитал во Мадридскиот театар при стотата претстава на „Јерма“; во 1935 година излегле од печат шесте галициски песни, како и неколку газели и касиди, а ја напишал и „Дона Росита или говорот на цвеќето“; во 1936 година биле објавени „Крвави свадби“ и „Први песни“, а пред поетите Гиљен, Алонсо и де Торе за првпат ја прочитал драмата „[[Домот на Бернарда Алба]]“. Првите собрани дела на Лорка биле објавени во 1938 година, во [[Буенос Аирес]], а во Шпанија, неговите собрани дела биле објавени дури во 1954 година.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-157.</ref>
 
Најпознати негови дела се:
* „Домот на Бернарда“ (драма).
 
Најпознати песни на Лорка се: „Неверна жена“, „Плач„Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас“ (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка - славниот шпански [[тореадор]] во август 1935 година) и „Романса на шпанската жандармерија“.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка: „Сега пишувам [[поезија]] за да се отворат [[Вена|вените]], со [[емоција]] во која се огледува целата моја љубов кон нештата и мојата радост кон нештата. Љубовта на смртта и фарсата на [[смрт]]та. [[Љубов]]та. Моето [[срце]]. Така е тоа. По цел ден развивам, како некаква [[фабрика]], поетска активност“.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.</ref> Во друга прилика, на едно предавање за својата поетика, тој истакнал дека „не верува во уметникот што седи, туку во уметникот кој е постојано во движење“.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 153.</ref>