Лубиница: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Место во Грција |name = Љубиница |name_local = Βαλάνια |image_map = |periph = Западна М...
(нема разлика)

Преработка од 21:55, 17 март 2019

Љубиница (на грчки: Βαλάνια, Валанија, до 1927 година Λούμπινστα, Лубиниста,[1] Λουμπενίτσα, Νουμπενίτσα[2]) е поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓало во денешната општина Дескати, во областа Западна Македонија.

Љубиница
Βαλάνια
Љубиница is located in Грција
Љубиница
Љубиница
Координати: 39°52′N 21°40′E / 39.867° СГШ; 21.667° ИГД / 39.867; 21.667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

Селото се наоѓало на географската граница на регионот Македонија со Тесалија, на околу 40 km југоисточно од градот Гребен, 3 km југоисточно од денешното село Сленица и 4 km јужно од селото Катакал. На југ граничи со тесалиските села Аспроклисија и Псилома.

Во селото преживеале црквите „Успение на Пресвета Богородица[3] и „Свети Ѓорѓи“.[4]

Историја

Во Османлиската Империја

Кон крајот на XIX век Љубиница е грчко христијанско село во југоисточниот крај на Гребенската каза на Османлиската империја. Откако во 1881 година Тесалија влегла во состав на Кралството Грција, Љубиница станува погранично село на неколку километри од грчката граница. Според грчка атинска статистика од 1910 година во Лубиница (Λουμπινίτσα) живееле 103 православни Грци.[5]

Во Грција

Во Првата Балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората Балканска војна во 1913 година Љубиница станува дел од Кралството Грција. Во 1913 година на првото пребројување од новите власти во Лубинста (Λούμπινστα) се регистрирани 94 жители.[6]

Во 1927 година името на селото е сменето во Валанија.

Според некои сведоштва селото се растура во 1940-тите години, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна.[7] Селото е избришано во 1961 година.[8]

Наводи