Леополд Стоковски: Разлика помеѓу преработките

Додадени 5.008 бајти ,  пред 3 години
дополнување
Нема опис на уредувањето
(дополнување)
[[FileПодатотека:Leopold Stokowski LOC 26447u.jpg|thumb|200px|Фотогарафија на Леополд Стоковски]]
'''Леополд Антони Стоковски''', {{lang-pl|Leopold Anthony Stokowski}} ({{роден во|Лондон}}, {{роден на|18|април|1882}} - {{починал во|Хемшајр}}, {{починал на|14|септември|1977}}) — британски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот.
 
==Биографија==
{{Никулец за биографија}}
Стоковски бил роден во [[Лондон]],<ref>{{cite news|url=http://arts.guardian.co.uk/filmandmusic/story/0,,1575732,00.html|title=He would fix the audience with his glinting eye...|publisher=The Guardian|author=Simon Callow|date=23 September 2005|access-date=11 April 2007}}</ref> а музика студирал на [[Универзитет Оксфорд|Оксфорд]] и Кралскиот музички колеџ во Лондон. Најпрво свирел на оргули во Црквата на свети Бартоломеј во [[Њујорк]], а како диригент првпат настапил во [[Париз]], во 1908 година. На тој настап оставил многу добар впечаток кај критичарите и јавноста, по што брзо стигнал до местото диригент на симфонискиот оркестар во [[Синсинати]]. Во 1912 година добил понуда да го преземе [[Филаделфиски симфониски оркестар|Филаделфискиот симфониски оркестар]]. Овој оркестар го водел во наредните 25 години. Под негово раководство Филаделфискиот симфониски оркестар станал најдобар оркестар во Америка и еден од најпознатите во светот.
 
Последен пат јавно настапил во [[Венеција]], во 1975 година, а потоа продолжил да снима во студио сè до 1977 година. Работел оркестарски транскрипции на композиции за [[оргули]] од [[Јохан Себастијан Бах]]. Починал во [[Хемпшир (грофовија)|Хемпшир]], Англија, на 13 септември 1977 година.<ref>Allen Hughes, [https://query.nytimes.com/gst/abstract.html?res=9902E1DD163AE334BC4C52DFBF66838C669EDE&legacy=true "Leopold Stokowski Is Dead of a Heart Attack at 95"], ''The New York Times'', 14 September 1977.</ref>
 
== Стил ==
 
Стоковски од оркестарот извлекол еден сосема нов звук, познат како „Стоковски звук“, кој се состои од силен и богат звук на жичаните инструменти, и со своите театрални и неверојатно точно пресметани движења на рацете го претворал во продорен звук на лимените инструменти, истовремено оставајќи впечаток на неверојатна хармонија и прецизност. По 1929 година диригирал без палка, па таквиот начин на диригирање со широки движења станал синоним за Стоковски. При настапите сакал да ја истакне својата фигура, па барал подигнат подијум за диригентот и експериментирал со осветлувањето, за да ја изрази својата сенка на ѕидовите, со што оставал подлабок впечаток.
 
Леополд Стоковски бил прв диригент кој почнал да ги освојува медиумите. Со него професијата диригент станала популарна, што подоцна ќе ја нагласи и [[Херберт фон Карајан]]. Стоковски се појавил во неколку филмови, како и во анимираниот филм на [[Волт Дизни]], „Фантазија“.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
{{Commons category|Leopold Stokowski}}
*[http://hdl.library.upenn.edu/1017/d/ead/upenn_rbml_MsColl381 Leopold Stokowski papers, 1916-1994], Kislak Center for Special Collections, Rare Books and Manuscripts, University of Pennsylvania
*[http://hdl.handle.net/1903.1/4585 Leopold Stokowski Papers] - Special Collections in Performing Arts at the University of Maryland
*{{AllMusic|class=artist|id=q8753}}
*[http://stokowski.tripod.com/disco/lsdiscs.htm Leopold Stokowski Discography]
*[http://www.classical.net/music/guide/society/lssa/disco.html Leopold Stokowski CD Discography]
* [[František Sláma (musician)]] [http://www.frantisekslama.com/en/conductors-and-a-few-more-recollections-besides Archive]. More on the history of the Czech Philharmonic between the 1940s and the 1980s: ''Conductors''
*[http://www.stokowski.org Stokowski/Philadelphia Orchestra Discography and selected (RCA) Victor recordings, 1917-1940]
 
{{Нормативна контрола}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стоковски, Леополд}}
[[Категорија:Американски диригенти]]