Василис Левентис: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност |име = Василис Левентис |портрет= Vassilis_Leventis.jpg |px=220px |опис= |род...
(нема разлика)

Преработка од 01:19, 13 март 2019

Василис Левентис (грчки: Βασίλειος (Βασίλης) Λεβέντης; роден на 2 ноември 1951 година во Месини, Грција) е грчки политичар и претседател на партијата Сојуз на центристи.

Василис Левентис
Роден 2 ноември 1951
Месини, Грција
Занимање политичар

Биографија

Василис Левентис е четврто дете на Апостолос и Грегорија Левентис, кои потекнуваат од селото Кораковуни, Аркадија. Василис е роден во југозападен Пелопонез, во градот Месини. Заедно со неговото семејство се сели во Пиреј, каде што во 1969 година матурира од средно училиште. Василис потоа бил примен во одделот за градежништво на Националниот Технички Универзитет во Атина, како шести најдобар кандидат. Во 1970-тите години се занимавал со музика, продуцирајќи и една плоча.

Првото вмешување на Левентис во политиката се случило во 1975 година кога, како асистент на тогашниот декан на Атинскиот Политехнички Универзитет, Кипријанос Бирис, дал придонес кон пишувањето на членовите 21 и 24 од Уставот на Грција и учествувал во создавањето на проектот „ДЕПОС“.

Левентис течно зборува германски и има соодветно познавање англиски јазик.[1]

Политичка кариера

Василис Левентис бил дел од ПАСОК уште од основањето на партијата во 1974 година, но од 1981 ја критикува за отстапување од првичните вредности.

Во 1982 се кандидирал за градоначалник на Пиреј, а 4 години подоцна за градоначалник на Атина, но не остварил успех. Во 1984 година ја создал првата еколошка партија во Грција и се кандидирал на Европските избори истата година, но освоил само 0,15% од гласовите. Во 1989 бил кандидат за пратеник од редовите на Нова Демократија, но не успеал да обезбеди место во парламентот.

Во 1992 година ја основа политичката партија Сојуз на центристи, стремејќи се да стане „политичкиот континуитет на центристичкото изразување во Грција“. Иако партијата учествувала на сите избори, до 2015 година нивното влијание било незначително. На изборите во јануари 2015 Сојузот на центристи освоил 1,79%, под прагот од 3% за влез во грчкиот парламент, но на изборите во септември истата година, партијата на Левентис освоила 186.457 (3,43%) гласа и 9 пратеника.[2]

Левентис се противи на употребата на зборот „Македонија“ во името на Република Македонија.[3]

Наводи