Седма крстоносна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 29:
[[Податотека:Septième croisade-es.svg|thumb|300px|Карта на Седмата крстоносна војна]]
 
Во тоа време Франција била една од најсилните држави во Европа, бидејќи [[Катарска крстоносна војна|Катарската крстоносна војна]] ја ставила [[Прованса]] под [[Парис|париска]] контрола. Во текот на три години, Луј собирал црковна десетина, па во 1248 година, тој и неговата војска од околу 15.000 луѓе меѓу кои 3.000 витези и 5.000 стрелци со самострел отпловиле со 36 бродови од [[Ег-Морт]] и [[Марсеј]].<ref>J. name="Riley-Smith193"Smith, The Crusades: A History, 193</ref> Подготовката на Луј за собирање финансии за оваа крстоносна војна била добро органзиирана, иако многумина благородници кои му се придружиле на Луј морале да позајмат пари од кралската каса, а самата крстоносна војна изглела многу скапа.
 
Војската стигнала во [[Кипар]] и зимата ја поминала таму. Во 1249 година пристигнале во [[Дамиета]] на [[Нил]]. Египет, според Луј, обезбедува база од која ќе го нападне [[Ерусалим]], а египетското богатство и снабдување со жито ќе ги одржуваат крстоносците снабдени. На 6 јуни Дамиета била заземена со мал отпор од Египќаните, кои се повлекле до [[Нил]]. Луис успеал да изгради простор за целиот камп за крстоносците со дрво од 24 заробени египетски катапулти. Поплавата на Нил, сепак, не била земена предвид, и наскоро Луј и неговата војска биле опколени со вода во Дамиета шест месеци, каде што витезите седеле и уживале во пленот на војната. Луј го игнорирал договорот склучен за време на [[Петта крстоносна војна|Петтата крстоносна војна]] дека Дамиета треба да се даде на [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]], сега мала заедница во [[Ако (Израел)|Ако]], но тој воспоставил архиепископија таму (под надлежност на латинскиот патријарх Ерусалимски) и го користел градот како база за директни воени операции против муслиманите во Сирија.