Лос: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
===Живеалиште===
 
Лосот обично живее во [[тајга|тајгите]] и умерените широколисни и мешани [[шуми]] на [[северна хемисфера|северната хемисфера]] во [[Умерена клима|умерена]] до [[субарктичка клима|субарктичка]] [[клима]]. Ловењето и другите човечки активности предизвикаа намалување на опсегот на живеалиштето на лосовите со текот на времето. Во моментов, повеќето лосови се наоѓаат во [[Канада]], [[Алјаска]], [[Нова Англија]], [[Скандинавија|скандинавските]], [[Балтички држави|балтичките]] држави и [[Русија]].
 
Лосот живее во средина во која може да најде соодветна исхрана (пр. езерски треви, млади дрвја и грмушки), а вооено да е заштитен од предатори како и од екстремно топло или ладно време. Во текот на годишните времиња лосовите патуваат помеѓу различни живеалишта за да ги задоволат овие потреби.<ref name="autogenerated1">https://extension.unh.edu/resources/files/Resource003858_Rep5484.pdf</ref> Лосот со својата дебела кожа, густо крзно кое ја задржува топлината и нискиот сооднос помеѓу површина и волумен е приспособен за живеење во ладни услови и одлично го толерира студот, но има ниска толеранција на топлина. Топлото време го преживува со повлекување на сенка, на провев или со потопување во ладна вода. На топло лосовите лесно можат да се најдат како шлапаат или пливаат во езерата или барите. Кога е многу изложен на топлина постојат големи шанси лосот да не се храни соодветно во лето, а со тоа и да не складира доволно сало за да ја преживее зимата. Женките исто така, може да не бидат во состојба да се отелат без потребното стекнување на тежина во текот на летото. На лосот му е потребен пристап како до младите шуми за брстење, така и до старите шуми за наоѓање на засолниште.
 
Лосовите ги избегнуваат областите со малку или воопшто без снег бидејќи ова го зголемува ризикот од наидување на предатори, како што се волците, и исто така ги избегнуваат областите со длабок снег бидејќи тоа ја намалува нивната мобилност. Поради тоа лосовите избираат средина која балансира со бројот на предатори, достапнст на храна и длабочината на снегот.<ref>Dussault, Christian, Jean‐Pierre Ouellet, Réhaume Courtois, Jean Huot, Laurier Breton, and Hélène Jolicoeur. "Linking moose habitat selection to limiting factors." Ecography 28, no. 5 (2005): 619-628.</ref> Со повторната појава на бизонот во [[тајга|тајгите]] се појави загриженост за компетиција за зимската животна средина на лосот, а со тоа и негово намалување на популацијата. Како и да е, ваков проблем не се појави. Лосот го претпочита [[субалпски средини сопојас|субалпскиот грмушкипојас]] во рана зима, додека бизонот преферира влажни [[ливада|ливади]] и пасишта. Во доцна зима лосот преферира речни [[долина|долини]] и листопадни [[шума|шуми]] или алпски терени над крајот на шумата, додека бизонот преферира влажни ливади и пасишта или сончеви нагиби.<ref>Jung, Thomas S., Sophie M. Czetwertynski, and Fiona KA Schmiegelow. "Boreal forest titans do not clash: low overlap in winter habitat selection by moose (Alces americanus) and reintroduced bison (Bison bison)." European Journal of Wildlife Research 64, no. 3 (2018): 25.</ref>
 
===Референци===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лос