Преспански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
| wikisource =
}}
'''Преспански договор''' — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на [[Министер за надворешни работи на Македонија|Македонија]], [[Никола Димитров (дипломат)|Никола Димитров]] и на [[Министер за надворешни работи на Република Грција|Грција]], [[Никос Коѕијас]] на 17 јуни 2018 година во селото [[Нивици]], [[Грција]] на брегот на [[Преспанското Езеро]]. Истиот бил потпишан и од посредникот на [[ООН]] за спорот за името Македонија, [[Метју Нимиц]]. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во [[Њујорк]] на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спорот за името Македонија]] и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и [[Грција]]. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во ''Северна Македонија'' односно формалното име да ѝ биде ''Република Северна Македонија'', а [[Грција]] ќе го признае државјанството на соседната земја како ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' и ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како [[македонски јазик]] и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.<ref>{{нмс|title=Потпишан договорот за името, Заев: поместивме планини|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29293477.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Позадина ==
Ред 39:
 
[[Податотека:Потпишување на договорот за македонско-грчкиот спор -17.06.2018, Преспа- (42853678821).jpg|мини|250п|[[Зоран Заев]] и [[Алексис Ципрас]] во [[Отешево]] по потпишување на договорот]]
Премиерот на [[Премиер на Грција|Грција]], [[Алексис Ципрас]] по разговор со својот колега од [[Премиер на Македонија|Македонија]], [[Зоран Заев]] на 12 јуни 2018 година објавил дека бил постигнат договор за скоро три-деценискиот [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спор за името Македонија]] и објаснил дека истиот ги исполнува сите предуслови од грчката страна.<ref>{{нмс|title=Ципрас: Постигнавме историски договор|url=https://kajgana.com/cipras-postignavme-istoriski-dogovor|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Било договорено [[Република Македонија]] да прифати промена на името во Република Северна Македонија ({{lang-en|Republic of North Macedonia}}) со превод на сите јазици, додека пак [[Грција]] да ги признае државјаните на соседната држава како ''македонски/граѓани на Република Северна Македонија'', како и дека официјален јазик на државата е [[македонскиот јазик]]. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]] кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
Договорот, чиешто официјално име е '''''Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните''''' налага [[Македонија|Република Македонија]] да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Republic of North Macedonia''), со превод на сите јазици, државјанството да биде ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како [[Македонски јазик|македонски јазик]] и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]], кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат ''MK'' и ''MKD'', со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува ''NM'' или ''NMK'', додека термините ''Македонија'' и ''македонски'' ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[https://vlada.mk/node/14958]
 
== Реакции ==