La Macédoine et sa Population Chrétienne: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 45:
Книгата претставува подробен статистички попис на населените места во [[Македонија (регион)|Македонија]] во своите пошироки тогашни граници. Даддени се податоци за бројот на населението, етничката и вероисповедна припадност на христијанското население, како и за присуството на христијански училишта (бугарски, грчки, српски и влашки), со бројот на учители и ученици. Делото дава добар преглед на црковно-образовната поделеност на македонското население, растргнато меѓу споменатите [[странски пропаганди во Македонија|странски пропаганди]], каде, во духот на својата егзархиска агенда и воспитание, Мишев сите [[Македонци]] ги нарекува [[Бугари]]. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ е втората обемна статистика на населението на Македонија од бугарски автор, по капиталното дело на [[Васил К’нчов]] од [[1900]] г. насловено како „[[Македонија. Етнографија и статистика]]“.
 
Во моментот на објавување на делото, дел од информациите за Кумановската, Паланечката и Кочанската каза веќе не биле актуелни поради активизиранетоактивизирањето на [[српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]], каде дел од селата биле преземени од егзархијата <ref>Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 300.</ref>.
 
== Наводи ==