Дејан Станковиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 43:
Со доаѓањето на [[Жозе Мурињо]] на позицијата менаџер на Интер во јуни 2008-та година, имаше многу гласини од медиумите за заменување на Станковиќ од црно-сивите (неро аѕурите) (заедно со [[Адријано]], [[Хернан Креспо]], [[Давид Суаѕо|Давид Суазо]] и [[Николас Бурдисо]]), бидејќи тие не беа угледувани на високо ниво од ново пристигнатиот португалски тренер. Исто така медиумите се фокусираа на пријателската врска на Станковиќ со поранешниот менаџер Мансини и помошникот Михајловиќ со прикриени озборувања дека врската помеѓу тренерското дуо беше тоа што го држеше српскиот среден играч во клубот и покрај тоа што неговите настапи не беа толку светли за време на претходната сезона 2007/08 година. Потоа на крајот од јуни по изјавите дека Мурињо му соопштил на Станковиќ дека нема да биде дел од подготвителните тренинзи пред сезоната во [[Саут Тирол]] и дополнителните изјави дека Станковиќ и Јуве се договориле за условите, изгледаше дека тој дефинитивно го напушта клубот. Изјавите на медиумите за доаѓањето на Станковиќ во Јуве кај навивачите на клубот предизвика протести и петиции на интернет со објаснување дека тие никогаш нема да му го простат веселото јавно славење за освојување на титулата во серија А за сезоната 2005/06 година, кога од Јувентус беше одземена титулата подоцна и беше врачена на Интер со одлуката за скандалот [[Калчополи]]. Договорот со Јуве пропадна за неколку денови поради различни причини, и Станковиќ неочекувано изјави дека ќе биде среќен ако остане во Интер. Сепак, разговорите за трансфер повторно беа присутни со предлозите на Мурињо во средината на јули 2008-та година кој изјави ,, Станковиќ не е истиот играч кој што беше во Лацио , што повторно беше знак дека деновите како играч на Интер му се одброени.
 
И покрај тоа, Станковиќ одлучи да остане да се бори за место во тимот на Мурињо кратко по почетокот на сезоната тој успеа да ја постигне својата цел. На 19-ти октомври 2008-та година, тој постигна прекрасен погодок на натпреварот со [[Рома]] под водство на [[ЛучијаноЛучано Спалети]] на гостински терен на [[стадионот Олимпико]] дотолчувајќи ја со 4-0. По додавањето од [[Сали Мунтари]], тој ја стави топката во мрежата на голманот на Рома, неговиот 24-ти гол во сите натпреварувања за црно-сивите, исто така пребродувајќи ја едногодишниот период без постигнат гол. Олеснувањето и докажувањето по се што помина тоа лето беше очигледно прославувањето за тој гол и во интервјуата после натпреварот, Станковиќ говореше за неговата радост да биде целосно вратен во форма по неговата повреда во претходната сезона. Тој исто така му се заблагодари на [[Жозе Мурињо|Мурињо]] за дадената поддршка и покрај несогласувањата помеѓу двајцата за време на летниот период.
 
Во декември 2008-та година, Станковиќ стана незаменлив дел од средината на Мурињо, покажа друго светло од неговата повторно откриена форма против [[ФК Кјево Верона|ФК Киево]] од [[Верона]] на домашен терен, прво со долго додавање до [[Максвел]] кој го постигна погодокот што го отвори натпреварот, потоа следеше погодок кој тој го постигна за резултат од 2-0 со шут од прва од линијата на шеснаесетникот, и на крај со асистенција од десно крило за [[Златан Ибрахимовиќ]] со тоа што Интер забележа победа од 4-2. На 7-ми февруари 2009 година, Станковиќ го прослави 200-тиот настап за Интер во сите натпреварувања на натпреварот на гостински терен против [[Лече]]. Интер забележа голема победа против новопромовираниот клуб со 3-0 со што Станковиќ со глава го постигна третиот гол од наткрената топка од слободан удар кој го изведе [[Мајкон]]. Добрата форма на Станковиќ во целата сезона продолжи кога тој го постигна вториот погодок за Интер против Милан во 270-тото миланско дерби на 15-ти февруари. Тој излезе да биде победнички гол откако [[Алешандре Пато|Александре Пато]] имаше постигнато еден пред тоа. Интер ја освои 5-тата по ред титула, негов 5-ти трофеј од [[Серија А]].