Собрание на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 30:
{{Политика на Република Македонија}}
 
'''Собрание на Македонија''' (службено: '''Собрание на Република Северна Македонија''', често именувано како '''Македонско Собрание''') — претставнички орган на граѓаните и носител на [[законодавна власт|законодавната власт]] во [[Македонија]]. Собранието е [[Еднодомен парламент|еднодомно]] и според [[Устав на Република Македонија|Уставот на Република Македонија]] може да биде составено од 120 до 140 [[пратеник|пратеници]], но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 пратеници.
 
Пратениците се избираат на општи и непосредни [[избори]] со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено убедување. [[Мандат]]от на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието. Собранието заседава во [[Скопје]]. Актуелен претседател на Собранието е [[Талат Џафери]].<ref>[http://www.sobranie.mk/2014-002cea30-a5b8-435e-ad55-147ff64cbfa2-ns_article-pretsedatelot-na-sobranieto-g-talat-dzaferi-go-primi-evroambasadorot-zbogar.nspx Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери го прими евроамбасадорот Жбогар] sobranie.mk (3 мај 2017)</ref>