Отвори го главното мени

Промени

Одземени 99 бајти ,  пред 9 месеци
с
нема опис на уредувањето
Гален бил личен лекар на императорот Комод до крајот на неговиот живот, лечејќи го од обични и чести заболувања. Според историчарот Касиј Дион, околу 189 година, за време на владеењето на Комод, избила епидемија на чума во Рим, со исклучително висок морталитет, кој достигнувал и до 2000 починати во текот на еден ден во Рим, кога епидемијата била на својот врв. Веројатно тоа била истата епидемија која се случила за време на владеењето на Марко Аврелиј.
 
По Комод, Гален бил лекар и на императорот [[Септимиј Север]] и неговиот син [[Каракала]], кој го наследил на престолот.<ref name=":3" />
 
=== Антониниевата чума ===
Антониниевата чума е наречена според презимето на императорот Марко Аврелиј – Антониниј. Епидемијата се нарекува уште и Галенова чума, затоа што се случила во времето на Гален, а и самиот тој бил повикан да преземе мерки за нејзина санација. Тој имал можност непосредно да се запознае со епидемијата при нејзиното првично ширење во 166 година во Рим, и подоцна меѓу 168-169 година при нејзиното повторно избувнување во редовите на римската војска стационирана во Аквилеја. Тој ги опишал симптомите на болеста и третманот, истакнувајќи го нејзиното долго траење. За жал, неговите наводи за болеста биле кратки и расфрлани, и според нив не може да се заклучи која болест била причина за тешката епидемија. Неговата заинтересираност за епидемијата била главно фокусирана на нејзиниот третман. На пример, во описот на заболен млад човек, во текот на епидемијата, тој се концентрирал на третманот на внатрешните и надворешните улцерации. Епидемијата која започнала за време на владеењето на Марко Аврелиј била погубна за Римското царство. Стапката на морталитет била меѓу 7-10%, а во периодот меѓу 165-168 година, таа била причина за смрт на 3,5 до 5 милиони луѓе. Според германскиот историчар Ото Зеек, околу половина од популацијата на Римската империја во тој период починала од епидемијата. Американскиот историчар на стариот век, Џ. Ф. Гилијам, верува дека оваа епидемија однела повеќе животи отколку било која друга епидемија во империјата до средината на треттиот век. Се смета дека причината за Галеновата епидемија била големата сипаница. Податоците кои ги оставил Гален не се доволни за да се даде точна дијагноза на болеста која ја предизвикала оваа епидемија.
 
Гален опишал црн егзантем кој го покривал целото тело на болните. Егзантемот на места каде не егзулцерирал станувал груб и крастав. Тој тврдел дека лицата кои имале црн осип обично преживувале и според Гален тој станувал црн поради путрификација на заостанатата крв во гнојните меури. Галеновиот опис на осипот многу потсетувал на описот на ист таков кој го дал старогрчкиот историчар [[Тукидид]]. Гален дал опис и на промените во дигестивниот систем преку опис на дијареата и изметот кај пациентите. Изметот бил црн кај пациентите кои умирале, а исходот на болеста зависел многу од тежината на интестиналните лезии. Тој забележал дека во случаите каде изметот не бил црн, избивал црн осип. Гален опишал симптоми на грозница, повраќање, лош здив, кашлица и улцерации на грлото и душникот кај оваа болест.<ref name=":4" />
 
=== Еудемус ===
Во своето дело ''De motu musculorum'', Гален ја објаснил разликата помеѓу моторните и аферентните нерви, дискутирал за концептот на [[Мускулен тонус|мускулниот тонус]] и ја објаснил разликата меѓу агонистите и антагонистите.
 
Гален бил вешт хирург, но многу од неговите процедури и техники, посебно на мозокот и очите, не биле користени со векови после него.<ref name=":0" /> За корекција на [[катаракта]] Гален користел операциона техника слична на денешната. Користејќи инструмент во форма на игла, тој ја отстранувал оштетената леќа од окото.<ref>{{Наведено списание|last=Keele|first=K. D.|date=1963-01|title=Galen: On Anatomical Procedures: the Later Books|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1034789/|journal=Medical History|volume=7|issue=1|pages=85–87|issn=0025-7273|pmc=PMC1034789}}</ref> Иако многу историчари тврделе дека Гален верувал дека леќата е сместена во центарот на окото, тој сепак подразбирал дека таа е лоцирана во предниот сегмент на окото.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.dovepress.com/a-medieval-fallacy-the-crystalline-lens-in-the-center-of-the-eye-peer-reviewed-article-OPTH|title=A medieval fallacy: the crystalline lens in the center of the eye|last=Schwartz|first=Daniel|last2=Schwartz|first2=Stephen G.|date=2016-04-08|work=Clinical Ophthalmology|language=English|accessdate=2019-02-16|last3=Udupa|first3=Akrithi|last4=Hadi|first4=Tamer M.|last5=Leffler|first5=Christopher T.}}</ref>
 
Гален го бранел и промовирал учењето на Хипократ и неговите методи, како што се венесекцијата и пуштањето на крв, методи кои биле непознати во Рим. Тие методи биле остро критикувани од следбениците на грчкиот анатом [[Еразистрат]], кој сметал дека овие процедури би имале сериозни последици затоа што, според него, во вените не тече крв туку пнеума (циркулирачки воздух неопходен за функционирање на виталните органи). Сепак Гален жестоко ја бранел венесекцијата во своите три книги на таа тема, во неговите демонстрации и во јавните расправи.
 
== Проблемот на ум-тело ==
Гален верувал дека нема разлика помеѓу менталното и физичкото.<ref>{{Наведено списание|last=Hankinson|date=1991-01-01|title=Galen's Anatomy of the Soul|url=https://brill.com/abstract/journals/phro/36/2/article-p197_5.xml|journal=Phronesis|language=en|volume=36|issue=2|pages=197–233|doi=10.1163/156852891321052787|issn=1568-5284}}</ref> Во тоа време ова тврдење било контроверзно, а Гален се согласувал со грчката школа дека умот и телото не се посебни делови.<ref name=":5" /> Токму со ова тврдење Гален најмногу им се спротивставувал на стоиците.<ref>{{Наведено списание|last=Gill|first=Christopher|date=2007-01-01|title=Galen and the Stoics: Mortal Enemies or Blood Brothers?|url=https://brill.com/abstract/journals/phro/52/1/article-p88_5.xml|journal=Phronesis|language=en|volume=52|issue=1|pages=88–120|doi=10.1163/156852807X177977|issn=1568-5284}}</ref> Гален предлагал и кои органи во телото биле одговорни за специфични функции, повеќе отколку индивидуални делови. Според Гален, недостатокот на научното потврдување кај стоиците ги дискредитирало нивните тврдења за одвоеноста на телото и умот, поради што тој бил строго спротивставен на нив.
 
== Психотерапија ==
 
=== Влијание на медицината во исламскиот свет ===
Галеновата медицина била мошне влијателна во исламскиот свет. Првиот голем преведувач на арапски јазик бил арапскиот христијанин [[Хунајн ибн Исхак]]. Околу 830-870 година, тој превел 129 дела на Гален на арапски јазик.<ref name=":2" /> Арапските извори, како што бил персискиот лекар и алхемичар Рази (Абу Бекр Мухамед ибн Закарија ал-Рази, 865-925 година) продолжиле да бидат извор на откривање на нови или релативно недостапни Галенови текстови.<ref>{{Наведено списание|last=Nutton|first=Vivian|date=1990/05|title=The Patient's Choice: A New Treatise By Galen|url=https://www.cambridge.org/core/journals/classical-quarterly/article/patients-choice-a-new-treatise-by-galen/26FD42BD0C27CFE73F5E9E4D5A278A1D|journal=The Classical Quarterly|language=en|volume=40|issue=1|pages=236–257|doi=10.1017/S000983880002694X|issn=1471-6844}}</ref> Книгата ''Kitab ila Agloogan fi shifa al Amrad'' на познатиот асирски лекар и преведувач Хунајн ибн Исхак (809-873 год.), а која се чува во библиотеката на Ибн Сина академијата за средновековна медицина и наука, е ремек дело на преводи на Галеновите книжевни дела. Дел од Александрискиот компендиум за Гален од 10-тиот век содржи податоци за разни типови на трески и разни воспалителни состојби на телото. Тој содржи и податоци за повеќе од 150 поединечни и групни објаснувања за растителни и животински видови. Книгата дава увид во разбирањето на традициите и методите на лекување во грчката и римската ера. Во книгата има податоци за повеќе од 150 едноставни или сложени лекови кои се користеле во грчко-римскиот период.
 
Делата на Гален биле прифатени од големите арапски лекари, како што се [[Ибн Зур]] (познат како Авензоар) и [[Ибн ал-Нафис]],<ref>{{Наведено списание|last=Albinali|first=Hajar A. Hajar|date=2004-04-01|title=Chairman's Reflections : Blood-letting|url=http://www.heartviews.org/article.asp?issn=1995-705X;year=2004;volume=5;issue=2;spage=74;epage=85;aulast=Hajar;type=0|journal=Heart Views|language=en|volume=5|issue=2|pages=74|issn=1995-705X}}</ref> како основа за понатамошни истражувања. Силен акцент бил даден на експериментирањето и на [[Емпиризам|емпиризмот]], што довело до нови резултати и нови опсервации кои биле споредени и комбинирани со оние на Гален од страна на великаните на арапската медицина: персискиот лекар и психилог [[Али ибн Абас ал-Мајуси]] (на Запад познат како Хали Абас), [[Абу-ал-Касим ал-Захрави]] (на Запад познат како Абуласис), Ибн Сина ([[Авицена]]), Ибн Зур и Ибн ал-Нафис. На пример, експериментите на Рази и Ибн Зур ја негирале Галеновата теорија на хуморални течности, а откривањето на пулмоналната циркулација од Ибн ал-Нафис ја побила Галеновата теорија за срцето.<ref>{{Наведено списание|last=Al-Dabbagh|first=S. A.|date=1978-05-27|title=IBN AL-NAFIS AND THE PULMONARY CIRCULATION|url=https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(78)90318-5/abstract|journal=The Lancet|language=English|volume=311|issue=8074|pages=1148|doi=10.1016/S0140-6736(78)90318-5|issn=0140-6736}}</ref>
 
== Наводи ==
<references responsive="" />
 
== Литература ==