Отвори го главното мени

Промени

Одземени 3.905 бајти ,  пред 9 месеци
с
нема опис на уредувањето
 
{{Инфокутија Личност|name=Гален|image=Galenus.jpg|caption=Портрет на Гален од 18 век, насликан од Георг Паул Буш|birth_date=Септември 129 година|birth_place=[[Пергамон]]|death_date={{c.|lk=no}} 210 година|occupation=Лекар}}
'''Елиј Гален''' или '''Клавдиј Гален''' ({{Lang-el|Κλαύδιος Γαληνός}}; септември 129 – {{circa|200}}/{{circa|216}}), попознат како '''Гален од Пергамон''',<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.collinsdictionary.com/dictionary/english/galen|title=Galen definition and meaning {{!}} Collins English Dictionary|work=www.collinsdictionary.com|language=en|accessdate=2019-03-05}}</ref> бил познат грчки лекар и филозоф во [[Римската империја]].<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=HPjqJWakX7IC&pg=PA63&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Life, Death, and Entertainment in the Roman Empire|last=Potter|first=David Stone|last2=Mattingly|first2=D. J.|date=1999|publisher=University of Michigan Press|isbn=9780472085682|language=en}}</ref><ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=DQY9AAAAIAAJ&pg=PA1&dq=&hl=en&redir_esc=y#v=onepage&q=&f=false|title=Galen on Bloodletting: A Study of the Origins, Development and Validity of His Opinions, with a Translation of the Three Works|last=Brain|first=Peter|last2=Galen|last3=Galenus|date=1986-08-07|publisher=Cambridge University Press|isbn=9780521320856|language=en}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Stari svet|last=Dušanić|first=Slobodan|publisher=Narodna knjiga-Vuk Karadžić-Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=232, 250, 254}}</ref> Тој бил еден од најпознатите истражувачи на полето на медицината во [[Антика|античкиот период]], кој влијаел врз развојот на различни медицински дисциплини и на други научни дисциплини, како на пример: [[Анатомија|анатомијата]],<ref>{{Наведено списание|date=1977-04|title=Galen on the affected parts. Translation from the Greek text with explanatory notes|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1081972/|journal=Medical History|volume=21|issue=2|pages=212|issn=0025-7273|pmc=PMC1081972}}</ref> [[Физиологија|физиологијата]], [[Патологија|патологијата]], [[Фармакологија|фармакологијата]],<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=al9FH5tynlAC&printsec=frontcover&dq=galen+on+pharmacology&source=bl&ots=q9JZ5JRP2D&sig=bBRFNdLCu4aeyJVj0EKpStKbcRU&hl=en&ei=ytfVS9b6A4LO8wSSoO20Dw&sa=X&oi=book_result&ct=result&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Galen on Pharmacology: Philosophy, History, and Medicine : Proceedings of the Vth International Galen Colloquium, Lille, 16-18 March 1995|last=Debru|first=Armelle|date=1997|publisher=BRILL|isbn=9789004104037|language=fr}}</ref> [[Неврологија|неврологијата]], како и на [[филозофијата]]<ref>{{Наведена книга|title=Galen on the Brain: Anatomical Knowledge and Physiological Speculation in the Second Century Ad (Studies in Ancient Medicine) (Multilingual Edition)|last=Rocca|first=Julius|publisher=Brill|year=2003|isbn=9004125124|location=|pages=}}</ref> и [[Логика|логиката]].
 
Како син на богатиот архитект Елиј Никон, Гален од најраното детство ја имал привилегијата да се здобие со квалитетно образование, што му овозможило понатаму во животот да изгради успешна кариера како познат лекар и филозоф. Роден во Пергамон (денешна Бергама, [[Турција]]), Гален често патувал во текот на својот живот, поради што бил постојано изложуван на разни медицински теории и откритија. По неговото конечно населување во престолнината [[Римски период|Рим]], тој работел за истакнати членови на римското општество, дури станал и личен лекар на неколку [[Римски цар|римски императори]].
Галеновото разбирање за [[Медицина|медицината]] и анатомијата се основало на теоријата на хумор или теоријата за четирите телесни сока (крв, слуз, жолта жолчка и црна жолчка), која теорија потекнува од времето на старогрчкиот лекар [[Хипократ]]. Оваа теорија се задржала и имала големо влијание врз западната медицина повеќе од 1300 години. Описот на анатомската градба кај Гален се засновала врз описот на секцирањето на мајмуни (посебно на [[Берберско макаки|берберските макаки мајмуни]]) и [[Свиња|свињи]], затоа што секцирањето на луѓе во тоа време не било дозволено. Неговите записи од анатомските испитувања биле надминати дури во 1543 година, кога била објавена книгата ''De humani corporis fabrica'' од [[Андреас Везалиус]] каде биле испечатени описи и илустрации на човековата анатомија,<ref name="Vesalius1543">{{Наведена книга|url=http://vesalius.northwestern.edu/|title=De humani corporis fabrica, Libri VII|last=Vesalius|first=Andreas|publisher=Johannes Oporinus|year=1543|isbn=|location=Базел, Швајцарија|pages=|language=латински|access-date=}}</ref><ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books/about/Andreas_Vesalius_of_Brussels_1514_1564.html?id=HCA6wGaU8PUC&redir_esc=y|title=Andreas Vesalius of Brussels, 1514-1564|last=O'Malley|first=Charles Donald|date=1964|publisher=University of California Press|language=en}}</ref> но во која сѐ уште била задржана Галеновата физиолошка теорија.<ref>{{Наведено списание|last=Siraisi|first=N. G.|date=1991-10|title=Girolamo Cardano and the art of medical narrative|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11623014|journal=Journal of the History of Ideas|volume=52|issue=4|pages=581–602|issn=0022-5037|pmid=11623014}}</ref> Теоријата на Гален за физиологијата на [[Циркулаторен систем|циркулаторниот систем]] останала неоспорена до 1242 година, кога [[Ибн ал-Нафис]] ја објавил својата медицинска енциклопедија ''Sharh tashrih al-qanun li’ Ibn Sina (Коментар за анатомијата во канонот на Авицена)'', во која за првпат била прикажана [[Белодробна циркулација|белодробната циркулација]].<ref>{{Наведено списание|last=West|first=John|date=1985|title=Ibn al-Nafis, the pulmonary circulation, and the Islamic Golden Age|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2612469/|journal=Journal of Applied Physiology|volume=105|issue=6|pages=1877–1880}}</ref>
 
Гален себеси се сметал и како лекар и како филозоф, што го напишал во своето дело „''Најдобриот доктор е исто така и филозоф''“.<ref>{{Наведена книга|title="That the best physician is also a philosopher" with a Modern Greek Translation|last=Claudii Galeni Pergameni|first=|publisher=Odysseas Hatzopoulos & Company: Kaktos Editions|year=1992|isbn=|editor-last=Odysseas Hatzopoulos|location=Атина, Грција|pages=}}</ref><ref>{{Наведено списание|last=Theodore J. Drizis|date=Fall 2008|title=Medical ethics in a writing of Galen|url=http://hrcak.srce.hr/file/64672|journal=Acta Med Hist Adriat|volume=6|issue=2|pages=333–336|pmid=20102254|access-date=7 August 2010}}</ref><ref>{{Наведено списание|last=Drizis|first=Theodore J.|date=2008|title=Medical ethics in a writing of Galen|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20102254|journal=Acta medico-historica adriatica: AMHA|volume=6|issue=2|pages=333–336|issn=1334-4366|pmid=20102254}}</ref> Тој исто така бил заинтересиран за дебатата помеѓу рационалистичките и емпиристичките медицински гледишта,<ref>{{Наведена книга|title=Three Treatises on the Nature of Science (Hackett Classics)|last=|first=|publisher=Hackett Publishing Company, Inc.|year=1985|isbn=0915145928|location=|pages=}}</ref> а неговата обука на студентите преку непосредно набљудување, секцирање и вивисекција претставувало комбинација на овие две различни медицински гледишта.<ref>{{Наведено списание|last=De Lacy P|year=1972|title=Galen's Platonism|url=|journal=American Journal of Philosophy|volume=1972|issue=|pages=27–39|doi=10.2307/292898}}</ref><ref>{{Наведено списание|last=Cosans C|year=1997|title=Galen's Critique of Rationalist and Empiricist Anatomy|url=|journal=Journal of the History of Biology|volume=30|issue=|pages=35–54|doi=10.1023/a:1004266427468|pmid=11618979}}</ref><ref>{{Наведено списание|last=Cosans C|year=1998|title=The Experimental Foundations of Galen's Teleology|url=|journal=Studies in History and Philosophy of Science|volume=29|issue=|pages=63–80|doi=10.1016/s0039-3681(96)00005-2}}</ref> Поради тоа неговото објаснување на поимот болест се нарекува синтетичка концепција на болестите. Многу од неговите дела се сочувани и/или преведени од оригиналниот грчки јазик, а дел од нив се или уништени или, пак, некои дела, кои му се припишуваат, се лажни. Во 1530-тите години, белгискиот лекар и анатомист Андреас Везалиус превел многу од записите на Гален од грчки на латински јазик. Неговото најпознато дело ''De humani corporis fabrica'' било напишано под влијание на делата на Гален.<ref>{{Наведена книга|title=Revolutionizing the Sciences: European Knowledge and Its Ambitions, 1500-1700 - Second Edition|last=Dear|first=Peter|publisher=Princeton University Press|year=2009|isbn=0691142068|location=|pages=}}</ref>
 
== Младост (129 – 161 година) ==
Името на Гален, {{Јаз|grc|Γαληνός}}, ''Galēnos,'' е изведено од придавката „{{Јаз|grc|γαληνός}}“, што значи „смирен“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:text:1999.04.0057:entry=galhno/s|title=Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, γαληνός|work=www.perseus.tufts.edu|accessdate=2019-03-05}}</ref>
 
Самиот Гален своето детство го опишал во делото „''За афекциите на умот''“. Тој бил роден во септември 129 година во Пергамон (денешна [[Бергама]], [[Турција]]).<ref name=":0" /> Неговиот татко, Елиј Никон, бил богат [[Патриции|патрициј]], архитект и градител, со широки познавања од филозофијата, математиката, логиката, астрономијата, земјоделството и литературата. Гален го опишалсвојот татко ако пријателски настроена личност, праведен и добродушен човек. Во тоа време Пергамон бил важен културен и интелектуален центар, познат по својата библиотека која била втора веднаш по познатата Александриска библиотека.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=NrEeAAAAIAAJ&redir_esc=y|title=New Testament Studies: Philological, Versional, and Patristic|last=Metzger|first=Bruce Manning|date=1980-01-01|publisher=BRILL|isbn=9789004061637|language=en}}</ref> Во Пергамон се собирале познати филозофи од [[Стоицизам|стоичката]] и [[Платонизам|платонската]] школа, со кои Гален бил запознаен од својата 14-та година. Во неговите студии биле опфатени и принципите на филозофските учења од тоа време, како што се учењата на [[Аристотел]] и [[Епикур]]. Татко му сакал да продолжи со традиционално школување по филозофија и политика, па затоа го насочувал кон филозофијата и литературата. Но, според кажувањата на самиот Гален, околу 145-тата година, во сон на татко му се јавил богот [[Асклепиј]] (богот на медицината) и му наредил на Никон да го прати сина си на студии по медицина. На 16 години Гален почнал да изучува медицина во престижното локално светилиште или [[Асклепион]], посветено на богот Асклепиј. Во текот на учењето, кое траело 4 години, тој имал познати ментори, лекари од тоа време: Есхарион од Пергамон, Стратоникус, Сатирус и други. Светилиштето тогаш функционирало и како бања или санаториум, каде болните барале помош од свештенството. Римјаните често оделе во храмот во Пергамон да бараат медицинска помош за нивните заболувања. Храмот бил често посетуван и од видни луѓе како, на пример, познатиот старогрчки оратор [[Елиј Аристид]], софистот [[Полемон|Антониј Полемон]], конзулот Каспиј Руфин и историчарот Клавдиј Харакс.<ref name=":0" />
 
Во 148 година, кога Гален имал 19 години, татко му починал, оставајќи му богато наследство. Поучен од Хипократовото учење, тој почнал многу да патува и студирал во тогаш познатите места како, на пример, [[Смирна]], [[Крит]], [[Коринт]], за да конечно дојде и до [[Александрија]], во големата медицинска школа, каде се практикувале разни медицински учења и пракси. Во 157 година, на своја 28 годишна возраст, Гален се вратил во Пергамон, каде работел како лекар на гладијаторите, кај Првосвештеникот од Азија, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во тоа време. Таму поминал четири години и ја научил важноста на исхраната и вежбањето, хигиенските и превентивните мерки, третманите на фрактури и тешки повреди, заклучувајќи дека раните се „прозорци на телото“. За време на неговата лекарска пракса биле евидентирани само пет смртни случаи на гладијатори, во споредба со 60 смртни случаи во времето на неговиот претходник, што се објаснува со посебното внимание кое тој го посветил на лечењето на повредите и здобиените рани. Заедно со праксата, тој се занимавал и со студии по теоретска медицина и филозофија.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=tyip3Kf68TYC&pg=PP9&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Galen on Food and Diet|last=Galenus|last2=Galen|last3=Grant|first3=Mark|date=2000|publisher=Psychology Press|isbn=9780415232333|language=en}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Making Men: Sophists and Self-Presentation in Ancient Rome|last=Gleason|first=Maud W.|publisher=Princeton University Press|year=2008|isbn=069113734X|location=|pages=}}</ref>
== Подоцнежни години (162 – 217 година) ==
[[Податотека:Statue_of_Galen_of_Pergamon.jpg|мини|Статуа на Гален во неговиот роден град, Пергамон.|алт=]]
Во 162 година, Гален отишол во Рим, како веќе познат лекар-практичар. Неговите методи во медицината биле противречни со поконзервативната пракса на неговите колеги од Рим, што било причина за конфликт со етаблираниот медицински круг во главниот град на империјата. Кога непријателството помеѓу нив станало сериозно, плашејќи се да не биде протеран или отруен, тој го напуштил Рим.<ref>{{Наведено списание|last=Eichholz|first=D. E.|date=1951/06|title=Galen and his Environment1|url=https://www.cambridge.org/core/journals/greece-and-rome/article/galen-and-his-environment1/43BF62F9110FA4F7CC5E8A85B6E59A3D|journal=Greece & Rome|language=en|volume=20|issue=59|pages=60–71|doi=10.1017/S0017383500011190|issn=1477-4550}}</ref>
 
Во 161 година, Рим влегол во војна, имено императорите [[Марко Аврелиј]] и [[Луциј Вер]] на северните граници од Римското царство се бореле против германското племе Маркомани.<ref>{{Наведено списание|last=Evans|first=Elizabeth C|date=1945|title=Galen the Physician as Physiognomist|url=|journal=Transactions and Proceedings of the American Philological Association|volume=76|pages=287-298}}</ref> Во есента 169 година, кога римските војници се враќале во [[Аквилеја]], избувнала чума, поради која римскиот император побарал од Гален да се врати во Рим. Од него било побарано да ги придружува Марко Аврелиј и Луциј Вер во походот во Германија како дворски лекар. Следната пролет, по барање на храмот Асклепион, кој бил против таквото ангажирање на Гален, Марко Аврелиј бил принуден да го ослободи Гален од таа должност.<ref>{{Наведено списание|last=Littman|first=M. L.|last2=Littman|first2=R. J.|date=1973|title=Galen and the Antonine plague.|url=http://europepmc.org/abstract/med/11616517|journal=American journal of philology|volume=94|pages=243–255|doi=10.2307/293979|issn=0002-9475|pmid=11616517}}</ref> Тој бил оставен да работи како лекар на престолонаследникот [[Комод]]. Во тој период Гален интензивно пишувал од областа на медицината. Иронично, и двајцата императори, прво Луциј Вер во 169 година, а потоа и Марко Аврелиј во 180 година, починале од чумата.
 
Гален бил личен лекар на императорот Комод до крајот на неговиот живот, лечејќи го од обични и чести заболувања. Според историчарот Касиј Дион, околу 189 година, за време на владеењето на Комод, избила епидемија на чума во Рим, со исклучително висок морталитет, кој достигнувал и до 2000 починати во текот на еден ден во Рим, кога епидемијата била на својот врв. Веројатно тоа била истата епидемија која се случила за време на владеењето на Марко Аврелиј.<ref>{{Наведено списание|last=Littman|first=M. L.|last2=Littman|first2=R. J.|date=1973|title=Galen and the Antonine plague.|url=http://europepmc.org/abstract/med/11616517|journal=American journal of philology|volume=94|pages=243–255|doi=10.2307/293979|issn=0002-9475|pmid=11616517}}</ref>
 
По Комод, Гален бил лекар и на императорот [[Септимиј Север]] и неговиот син [[Каракала]], кој го наследил на престолот.<ref>{{Наведено списание|lastname=Eichholz|first=D. E.|date=1951/06|title=Galen and his Environment1|url=https"://www.cambridge.org/core/journals/greece-and-rome/article/galen-and-his-environment1/43BF62F9110FA4F7CC5E8A85B6E59A3D|journal=Greece3" & Rome|language=en|volume=20|issue=59|pages=60–71|doi=10.1017/S0017383500011190|issn=1477-4550}}</ref>
 
=== Антониниевата чума ===
[[Податотека:Galenosgruppe_(Wiener_Dioskurides).jpg|мини|Група на лекари насликани на една од сликите на Виенскиот диоскорид; Гален е прикажан горе, во средина.|алт=]]
Антониниевата чума е наречена според презимето на императорот Марко Аврелиј – Антониниј. Епидемијата се нарекува уште и Галенова чума, затоа што се случила во времето на Гален, а и самиот тој бил повикан да преземе мерки за нејзина санација. Тој имал можност непосредно да се запознае со епидемијата при нејзиното првично ширење во 166 година во Рим, и подоцна меѓу 168-169 година при нејзиното повторно избувнување во редовите на римската војска стационирана во Аквилеја. Тој ги опишал симптомите на болеста и третманот, истакнувајќи го нејзиното долго траење. За жал, неговите наводи за болеста биле кратки и расфрлани, и според нив не може да се заклучи која болест била причина за тешката епидемија. Неговата заинтересираност за епидемијата била главно фокусирана на нејзиниот третман. На пример, во описот на заболен млад човек, во текот на епидемијата, тој се концентрирал на третманот на внатрешните и надворешните улцерации. Епидемијата која започнала за време на владеењето на Марко Аврелиј била погубна за Римското царство. Стапката на морталитет била меѓу 7-10%, а во периодот меѓу 165-168 година, таа била причина за смрт на 3,5 до 5 милиони луѓе. Според германскиот историчар Ото Зеек, околу половина од популацијата на Римската империја во тој период починала од епидемијата. Американскиот историчар на стариот век, Џ. Ф. Гилијам, верува дека оваа епидемија однела повеќе животи отколку било која друга епидемија во империјата до средината на треттиот век.<ref>{{Наведено списание|last=Littman|first=M. L.|last2=Littman|first2=R. J.|date=1973|title=Galen and the Antonine plague.|url=http://europepmc.org/abstract/med/11616517|journal=American journal of philology|volume=94|pages=243–255|doi=10.2307/293979|issn=0002-9475|pmid=11616517}}</ref> Се смета дека причината за Галеновата епидемија била големата сипаница. Податоците кои ги оставил Гален не се доволни за да се даде точна дијагноза на болеста која ја предизвикала оваа епидемија.
 
Гален опишал црн егзантем кој го покривал целото тело на болните. Егзантемот на места каде не егзулцерирал станувал груб и крастав. Тој тврдел дека лицата кои имале црн осип обично преживувале и според Гален тој станувал црн поради путрификација на заостанатата крв во гнојните меури. Галеновиот опис на осипот многу потсетувал на описот на ист таков кој го дал старогрчкиот историчар [[Тукидид]]. Гален дал опис и на промените во дигестивниот систем преку опис на дијареата и изметот кај пациентите. Изметот бил црн кај пациентите кои умирале, а исходот на болеста зависел многу од тежината на интестиналните лезии. Тој забележал дека во случаите каде изметот не бил црн, избивал црн осип. Гален опишал симптоми на грозница, повраќање, лош здив, кашлица и улцерации на грлото и душникот кај оваа болест.<ref>{{Наведено списание|lastname=Littman|first=M. L.|last2=Littman|first2=R. J.|date=1973|title=Galen and the Antonine plague.|url=http"://europepmc.org/abstract/med/11616517|journal=American4" journal of philology|volume=94|pages=243–255|doi=10.2307/293979|issn=0002-9475|pmid=11616517}}</ref>
 
=== Еудемус ===
Кога [[Перипатетичари|перипатетичниот]] филозоф Еудемус се разболил од маларија, Гален се чувствувал обврзан да го лечи „бидејќи тој ми беше учител и поради тоа што живеам во негова близина.“<ref name=":0" /> Гален за овој случај напишал: „Се враќам на случајот Еудемус. Тој беше тешко засегнат од трите напади на грозницата и докторите се откажаа од него бидејќи беше средина на зима.“<ref name=":1">{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books/about/Greek_Medicine_Being_Extracts_Illustrati.html?id=GdwlMwEACAAJ&redir_esc=y|title=Greek Medicine: Being Extracts Illustrative of Medical Writers from Hippocrates to Galen. Translated and Annotated by A.J. Brock|last=Brock|first=Arthur John|date=1929|publisher=J.M. Dent & Sons|language=en}}</ref> Дел од римските лекари го критикувале Гален за користење на прогноза во третманот на Еудемус. Галеновата пракса била во конфликт со тогашните стандарди за медицински третман кој се засновал на божественото и мистицизмот, но тој сепак ги бранел своите методи. Историчарот на медицината Луис Гарсија Баљестер ги цитира зборовите на Гален: „За да може да се дијагностицира, прво мора да се обсервира и размисли. Овој негов став би основа за неговата критика кон лекарите кои постапувале алогос и аскептос (неразумно).“ Сепак, Еудемус го предупредил Гален дека конфронтацијата со тие лекари може да доведе до негово убиство.<ref name=":1" />
 
Луис Гарсија Баљестер ја објаснува употребата на медицинската прогноза кај Гален: „Во современата медицина постои разграничување меѓу дијагностичка проценка (базирана на научно сознание за тоа што има пациентот) и прогностичка проценка (претпоставка за тоа што ќе се случи со пациентот). За Гален, да се разбере клиничкиот случај според факти (односно да се дијагностицира) значело, меѓу другото, да се знае со поголема или помала сигурност исходот кај пациентот. Да се прогнозира бил еден од суштинските проблеми и најважните цели на Галеновата дијагноза. Гален бил засегнат со раздвојувањето на прогнозата од мистицизмот и пророштвото, сѐ со цел да се подобри дијагностицирањето со употребата на факти, а со што би пораснал и угледот на лекарите.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books/about/Galen_and_Galenism.html?id=ZDBrAAAAMAAJ&redir_esc=y|title=Galen and Galenism|last=Ballester|first=Luis García|date=2002-01|publisher=Ashgate|isbn=9780860788461|language=en}}</ref>
Главниот интерес на Гален била анатомијата на човекот. Римското право забранувало дисекција на луѓе,<ref>{{Наведена книга|title=The Scientific Study of Mummies|last=Aufderheide|first=Arthur C|publisher=Cambridge University Press; Reissue edition|year=2011|isbn=0521177359|location=|pages=}}</ref> па затоа Гален правел анатомски дисекции на животни, претежно на свињи и мајмуни. Тој верувал дека анатомската градба на животните се одразува и кај луѓето. Ја разјаснил анатомијата на [[Трахеја|трахејата]] и бил прв кој покажал дека гласот се создава во [[Ларинкс|ларинксот]].<ref>{{Наведено списание|last=Goss|first=Charles Mayo|date=1958-06-01|title=Galen on anatomical procedures (De anatomicis administrationibus). Translation of the surviving books with introduction and notes by Charles Singer. XXVI + 289 pages, 26 figures. $8.75. Oxford University Press, New York|url=https://onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1002/ar.1091310208|journal=The Anatomical Record|language=en|volume=131|issue=2|pages=253–257|doi=10.1002/ar.1091310208|issn=1097-0185}}</ref><ref>{{Наведено списание|date=1956-10|title=Galen on Anatomical Procedures|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1889206/|journal=Proceedings of the Royal Society of Medicine|volume=49|issue=10|pages=833|issn=0035-9157|pmc=PMC1889206}}</ref> Работата на Гален на полето на анатомијата останала ненадмината до 16 век во Европа. Дури во средината на 16 век, [[Андреас Везалиус]] ја оспорил анатомијата на Гален со дисекција на човечки трупови.
 
Меѓу најголемите придонеси на Гален во медицината е неговата работа на [[Циркулаторен систем|циркулаторниот систем]]. Тој бил првиот кој ја забележал разликата помеѓу [[Артерија|артериската]] и [[Вена|венската]] циркулација. Верувал дека циркулаторниот систем се состои од два одвоени еднонасочни системи на дистрибуција, а не дека тоа е единствен унифициран систем на циркулација. Верувал дека венската крв се создава во [[Црн дроб|црниот дроб]], од каде се дистрибуира во сите органи на телото. Според него, артериската крв потекнувала од [[Срце|срцето]] од каде се дистрибуирала низ сите органи. Крвта била регенерирана или во црниот дроб или во срцето, комплетирајќи го циклусот. Верувал во постоењето на rete mirabile, мрежа на крвни садови во кародитниот синус.<ref>{{Наведена книга|title=Galen on Food and Diet|last=Grant|first=Mark|publisher=Routledge|year=2000|isbn=0415232325|location=|pages=}}</ref> И двете негови теории за циркулација на крвта биле погрешни, што било докажано со трудовите на [[Ибн ал-Нафис]].<ref>{{Наведена книга|title=Galen: On Respiration and the Arteries (Princeton Legacy Library)|last=Furley|first=David J.|last2=Wilkie|first2=James S|publisher=Princeton University Press|year=2014|isbn=0691612544|location=|pages=}}</ref> Иако имало погрешни толкувања, сепак неговите истражувања за анатомијата на животинските модели овозможиле подобри толкувања за циркулаторниот, нервниот и респираторниот систем.
 
Во своето дело ''De motu musculorum'', Гален ја објаснил разликата помеѓу моторните и аферентните нерви, дискутирал за концептот на [[Мускулен тонус|мускулниот тонус]] и ја објаснил разликата меѓу агонистите и антагонистите.
 
Гален бил вешт хирург, но многу од неговите процедури и техники, посебно на мозокот и очите, не биле користени со векови после него.<ref>{{Наведена книга|titlename=Galen on the Brain":0" Anatomical Knowledge and Physiological Speculation in the Second Century Ad (Studies in Ancient Medicine) (Multilingual Edition)|last=Rocca|first=Julius|publisher=Brill|year=2003|isbn=9004125124|location=|pages=}}</ref> За корекција на [[катаракта]] Гален користел операциона техника слична на денешната. Користејќи инструмент во форма на игла, тој ја отстранувал оштетената леќа од окото.<ref>{{Наведено списание|last=Keele|first=K. D.|date=1963-01|title=Galen: On Anatomical Procedures: the Later Books|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1034789/|journal=Medical History|volume=7|issue=1|pages=85–87|issn=0025-7273|pmc=PMC1034789}}</ref> Иако многу историчари тврделе дека Гален верувал дека леќата е сместена во центарот на окото, тој сепак подразбирал дека таа е лоцирана во предниот сегмент на окото.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.dovepress.com/a-medieval-fallacy-the-crystalline-lens-in-the-center-of-the-eye-peer-reviewed-article-OPTH|title=A medieval fallacy: the crystalline lens in the center of the eye|last=Schwartz|first=Daniel|last2=Schwartz|first2=Stephen G.|date=2016-04-08|work=Clinical Ophthalmology|language=English|accessdate=2019-02-16|last3=Udupa|first3=Akrithi|last4=Hadi|first4=Tamer M.|last5=Leffler|first5=Christopher T.}}</ref>
 
Гален го бранел и промовирал учењето на Хипократ и неговите методи, како што се венесекцијата и пуштањето на крв, методи кои биле непознати во Рим. Тие методи биле остро критикувани од следбениците на грчкиот анатом [[Еразистрат]], кој сметал дека овие процедури би имале сериозни последици затоа што, според него, во вените не тече крв туку пнеума (циркулирачки воздух неопходен за функционирање на виталните органи). Сепак Гален жестоко ја бранел венесекцијата во своите три книги на таа тема, во неговите демонстрации и во јавните расправи.
 
=== Опозиција кон стоиците ===
Гален бил познат по неговите достигнувања од медицината, но исто така бил ангажиран и на полето на филозофијата. Тој го развил сопствениот модел за трипартитна душа, следејќи ги примерите на Платон, поради што некои го нарекувале и Платонист. Гален ја развил теоријата на персоналитет базирана на неговото разбирање на теоријата на телесните течности кај луѓето и верувал дека менталните нарушувања имаат физиолошка основа. Неговите сфаќања биле спротивставени на дефиницијата на стоичарите за пнеумата. Според Гален, стоиците не успеале да дадат веродостоен одговор за локализацијата на функциите на душата или умот. Низ сопствената медицинска пракса тој бил убеден дека нашол подобар одговор, а тоа бил мозокот.<ref name=":0" /> Стоиците сметале дека душата има само еден дел – рационална душа, за која сметале дека може да се најде во срцето. Гален следејќи ја Платоновата идеја, сметал дека душата има уште два дела.
 
=== Локализација на функцијата ===
Во едно од своите најголеми дела „''За доктрините на Хипократ и Платон''“, Гален се обидел да го покаже единство на двајцата великани во нивните видувања. Користејќи ги нивните теории, комбинирани со оние на Аристотел, Гален ја развил својата теорија за троделната душа, која содржела слични аспекти.<ref>{{Наведено списание|last=Bobzien|first=Susanne|title=Peripatetic Hypothetical Syllogistic In Galen|url=https://www.academia.edu/271541/Peripatetic_Hypothetical_Syllogistic_In_Galen|journal=Rhizai. A Journal for Ancient Philosophy and Science|language=en}}</ref> Тој ги употребувал истите термини на Платон, велејќи дека душата се состои од рационален, спиритуален и апетитивен дел. Секој од овие делови имал своја локализација во телото. Рационалниот дел од душата бил во мозокот, спиритуалниот дел бил во срцето, а апетитивниот во црниот дроб. Гален бил првиот научник и филозоф кој на душата и дал одредена локализација во телото.<ref>{{Наведено списание|last=Lloyd|first=Geoffrey|date=2007|title=Pneuma between body and soul|url=https://onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/j.1467-9655.2007.00409.x|journal=Journal of the Royal Anthropological Institute|language=en|volume=13|issue=s1|pages=S135–S146|doi=10.1111/j.1467-9655.2007.00409.x|issn=1467-9655}}</ref> Оваа идеја денес се нарекува „локализација на функцијата“. Овие Галенови тврдења биле за тоа време револуционерни и биле претходник на идните теории за локализација.
 
Гален верувал дека секој дел од троделната душа контролира специфична функција во телото и дека таа како целина придонесува за здравјето на телото, зајакнувајќи ги „природните функционални капацитети на органот или органите за кои станува збор“.<ref name=":0" /> Рационалниот дел на душата контролира повисоко ниво на когнитивното функционирање во организмот, на пример, правејќи избори, или спознавање на светот и праќање на тие сигнали до мозокот. Тој дел е исто така одговорен за имагинација, паметење, сеќавање, знаење, мислење, анализа, волни движења и чувства. Спиритуалниот (духовниот) дел од душата е одговорен за „битисувањето“, за страстите, како, на пример, лутината. Овие страсти се сметале за посилни во однос на редовните емоции и поради тоа се сметале за поопасни. Третиот дел од душата, или апетитивната (желбена) душа, ги контролира животните сили во човековото тело, меѓу кои најважна била крвта. Овој дел од душата, исто така, ги контролира задоволствата на телото и затоа е поттикнувана од чувствата на уживање. Третиот дел од душата е анималистички, односно тоа е поприродната страна на душата, и се справува со природните потреби на телото и инстиктите за преживување. Гален сметал дека кога душата е насочена кон премногу уживања, таа доаѓа во состојба на „инконтиненција“, „раздразливост“ и неспособност за волно (намерно) прекинување на уживањето, што е негативна последица на премногу уживање.
 
За да ги усогласи своите теории за душата и како таа функционира во телото, Гален ја адаптирал теоријата за пнеума, која ја употребил за да објасни како душата оперирала во рамките на органите одговорни за неа, и како тие органи комуницираат меѓусебе. Гален затоа правел разлика помеѓу витална пнеума во артерискиот систем од психичката пнеума во мозокот и нервниот систем. Виталната пнеума ја лоцирал во срцето, а психичката пнеума во мозокот. За оваа цел, тој направил многу анатомски студии на животни за да ја проучи транзицијата од виталната во психичката пнеума. Иако бил критикуван за споредување на анатомијата на животните со анатомијата на човекот, Гален бил убеден дека неговото познавање на анатомија било доволно богато за да двете анатомии ги базира една на друга.<ref name=":0" />
 
== Проблемот на ум-тело ==
Гален верувал дека нема разлика помеѓу менталното и физичкото.<ref>{{Наведено списание|last=Hankinson|date=1991-01-01|title=Galen's Anatomy of the Soul|url=https://brill.com/abstract/journals/phro/36/2/article-p197_5.xml|journal=Phronesis|language=en|volume=36|issue=2|pages=197–233|doi=10.1163/156852891321052787|issn=1568-5284}}</ref> Во тоа време ова тврдење било контроверзно, а Гален се согласувал со грчката школа дека умот и телото не се посебни делови.<ref>{{Наведено списание|lastname=Lloyd|first=Geoffrey|date=2007|title=Pneuma between body and soul|url=https"://onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/j.1467-9655.2007.00409.x|journal=Journal5" of the Royal Anthropological Institute|language=en|volume=13|issue=s1|pages=S135–S146|doi=10.1111/j.1467-9655.2007.00409.x|issn=1467-9655}}</ref> Токму со ова тврдење Гален најмногу им се спротивставувал на стоиците.<ref>{{Наведено списание|last=Gill|first=Christopher|date=2007-01-01|title=Galen and the Stoics: Mortal Enemies or Blood Brothers?|url=https://brill.com/abstract/journals/phro/52/1/article-p88_5.xml|journal=Phronesis|language=en|volume=52|issue=1|pages=88–120|doi=10.1163/156852807X177977|issn=1568-5284}}</ref> Гален предлагал и кои органи во телото биле одговорни за специфични функции, повеќе отколку индивидуални делови. Според Гален, недостатокот на научното потврдување кај стоиците ги дискредитирало нивните тврдења за одвоеноста на телото и умот, поради што тој бил строго спротивставен на нив.
 
== Психотерапија ==
[[Податотека:Galeni_De_curandi_ratione_V00212_00000008.tif|мини|''De curandi ratione''|алт=|384x384пкс]]
[[Податотека:Galenou_Apanta.tif|мини|''Galenou apanta'' (1538)|алт=|364x364пкс]]
Гален напишал повеќе дела отколку било кој друг автор во античкиот период, натпреварувајќи се по бројноста на делата со [[Свети Августин]]. Неговото творештво било толку обемно, што сочуваните текстови се речиси половина од постоечката литература од античка Грција.<ref name=":0" /> Се претпоставува дека тој имал најмено дваесет запишувачи кои ги запишувале неговите зборови, а исто така се претпоставува дека имал напишано околу 500 тракти,<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=aJgp94zNwNQC&redir_esc=y|title=Science and Technology in World History: An Introduction|last=III|first=James E. McClellan|last2=Dorn|first2=Harold|date=2006-04-14|publisher=JHU Press|isbn=9780801883606|language=en}}</ref> со вкупно околу 10 милиони зборови. Многу од неговите дела, посебно од филозофијата, биле уништени 191-тата година при пожар во [[Храм на мир|Храмот на мирот]], во Рим.
 
Бидејќи делата на Гален во антиката не биле преведени на латински јазик, а поради пропаѓањето на [[Западно Римско Царство|Западната римска империја]] изучувањето на Гален, заедно со грчката медицинска традиција, пропаднало во заборав во [[Западна Европа]] за време на [[Ран среден век|раниот среден век]], кога малкумина од латинските научници знаеле да читаат на грчки јазик. Сепак, Гален и старогрчката медицина продолжиле да се изучуваат во [[Источно римско царство|Источното римско царство]] (Византиската империја). Сите сочувани грчки ракописи на Гален биле препишувани од византиските научници. Во текот на Абасидскиот период (по 750-тата година), Арапите за првпат почнале да се интересираат за грчките научни и медицински текстови, па некои од Галеновите дела биле преведени на арапски јазик од страна на сириските христијански изучувачи. Поради тоа, постојат Галенови текстови сочувани само на арапски јазик,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.iep.utm.edu/galen/|title=Galen (130—200 C.E.)|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> додека дел од нив се сочувани како превод од арапски на латински јазик. Во некои случаи научниците се обидувале да преведат од латински или арапски јазик на грчки јазик, таму каде оригиналот на грчки бил изгубен.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://repository.upenn.edu/cgi/viewcontent.cgi?referer=https://en.wikipedia.org/&httpsredir=1&article=1018&context=classics_papers|title=Review of Vivian Nutton, ed.,Galen. On My Own Opinions. Corpus Medicorum Graecorum 5.3.2 Galeni De Propriis Placitis|last=Rosen|first=Ralph M|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
=== Влијание на медицината во исламскиот свет ===
Галеновата медицина била мошне влијателна во исламскиот свет. Првиот голем преведувач на арапски јазик бил арапскиот христијанин [[Хунајн ибн Исхак]]. Околу 830-870 година, тој превел 129 дела на Гален на арапски јазик.<ref>{{Наведена книга|titlename=Revolutionizing the Sciences":2" European Knowledge and Its Ambitions, 1500-1700 - Second Edition|last=Dear|first=Peter|publisher=Princeton University Press|year=2009|isbn=0691142068|location=|pages=}}</ref> Арапските извори, како што бил персискиот лекар и алхемичар Рази (Абу Бекр Мухамед ибн Закарија ал-Рази, 865-925 година) продолжиле да бидат извор на откривање на нови или релативно недостапни Галенови текстови.<ref>{{Наведено списание|last=Nutton|first=Vivian|date=1990/05|title=The Patient's Choice: A New Treatise By Galen|url=https://www.cambridge.org/core/journals/classical-quarterly/article/patients-choice-a-new-treatise-by-galen/26FD42BD0C27CFE73F5E9E4D5A278A1D|journal=The Classical Quarterly|language=en|volume=40|issue=1|pages=236–257|doi=10.1017/S000983880002694X|issn=1471-6844}}</ref> Книгата ''Kitab ila Agloogan fi shifa al Amrad'' на познатиот асирски лекар и преведувач Хунајн ибн Исхак (809-873 год.), а која се чува во библиотеката на Ибн Сина академијата за средновековна медицина и наука, е ремек дело на преводи на Галеновите книжевни дела. Дел од Александрискиот компендиум за Гален од 10-тиот век содржи податоци за разни типови на трески и разни воспалителни состојби на телото. Тој содржи и податоци за повеќе од 150 поединечни и групни објаснувања за растителни и животински видови. Книгата дава увид во разбирањето на традициите и методите на лекување во грчката и римската ера. Во книгата има податоци за повеќе од 150 едноставни или сложени лекови кои се користеле во грчко-римскиот период.
 
Делата на Гален биле прифатени од големите арапски лекари, како што се [[Ибн Зур]] (познат како Авензоар) и [[Ибн ал-Нафис]],<ref>{{Наведено списание|last=Albinali|first=Hajar A. Hajar|date=2004-04-01|title=Chairman's Reflections : Blood-letting|url=http://www.heartviews.org/article.asp?issn=1995-705X;year=2004;volume=5;issue=2;spage=74;epage=85;aulast=Hajar;type=0|journal=Heart Views|language=en|volume=5|issue=2|pages=74|issn=1995-705X}}</ref> како основа за понатамошни истражувања. Силен акцент бил даден на експериментирањето и на [[Емпиризам|емпиризмот]], што довело до нови резултати и нови опсервации кои биле споредени и комбинирани со оние на Гален од страна на великаните на арапската медицина: персискиот лекар и психилог [[Али ибн Абас ал-Мајуси]] (на Запад познат како Хали Абас), [[Абу-ал-Касим ал-Захрави]] (на Запад познат како Абуласис), Ибн Сина ([[Авицена]]), Ибн Зур и Ибн ал-Нафис. На пример, експериментите на Рази и Ибн Зур ја негирале Галеновата теорија на хуморални течности, а откривањето на пулмоналната циркулација од Ибн ал-Нафис ја побила Галеновата теорија за срцето.<ref>{{Наведено списание|last=Al-Dabbagh|first=S. A.|date=1978-05-27|title=IBN AL-NAFIS AND THE PULMONARY CIRCULATION|url=https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(78)90318-5/abstract|journal=The Lancet|language=English|volume=311|issue=8074|pages=1148|doi=10.1016/S0140-6736(78)90318-5|issn=0140-6736}}</ref>
=== Ренесанса ===
[[Податотека:Galen,_Opera_omnia,_dissection_of_a_pig._Wellcome_L0020565.jpg|мини|''Opera omnia'', дисекција на свиња. Венеција, 1565 год.|алт=|311x311пкс]]
Падот на Византиската империја во 1453 година и појавата на [[Ренесанса|ренесансата]] биле придружени со прилив на грчки научници и ракописи во Западна Европа, овозможувајќи директна споредба меѓу арапските коментари и преводи и оригиналните грчки текстови на Гален. Дебатите во медицинската наука тогаш имале две традиции: поконзервативна арапска и полиберална грчка.<ref name=":0" /> Но имало и поекстремни либерални движења кои ја оспорувале улогата на авторитетите во медицината, па така, на пример, [[Парацелзус]] симболично ги запалил делата на Авицена и Гален во неговото медицинско училиште во Базел. Сепак, големината на Гален меѓу великаните на милениумот била прикажана на муралот во манастирот [[Голема Лавра]] на [[Света Гора]], каде меѓу претставените пагански мудреци, Гален бил нацртан меѓу Сибилското пророштво и Аристотел.
[[Податотека:Galenus_-_De_pulsibus._Greek_manuscript_with_latin_translation._Venice,_ca._1550..jpg|лево|мини|Galen. De pulsibus. (Ракопис; Венеција, 1550 год.).|алт=|218x218пкс]]
Крајниот пораз на Галенизмот бил од негирањето на Парацелзус и конструктивизмот на италијанските ренесансни анатоми, посебно од делото на [[Андреас Везалиус]] од 16 век. Овој фламански лекар и анатом во 1530 година се нафатил на голем проект на преведување на многу грчки текстови на Гален на латински јазик. Неговото дело ''De humani corporis fabrica'' било напишано под влијание на Галеновиот начин на пишување и форма. Во обид да ги испита критички методите на Гален, Везалиус правел дисекција на човечки труп како начин на верификација. Преку своите книги и демонстрации, тој ги покажал ограничувањата на Гален и покрај силното спротивставување на традиционалните про-Галенисти, каков што бил францускиот анатом [[Јакобус Силвиус]]. Испитувањата на Везалиус ги отфрлиле теориите на Аристотел и Мондино де Луизи. Едно од најпознатите отфрлувања на Галенизмот била демонстрацијата на Везалиус за непропустливоста на интервентрикуларниот септум. Напуштањето на одредени сфаќања на Гален, посебно во анатомијата на циркулаторниот систем, било постепено низ целиот период на ренесансата и се должело на работата не само на Везалиус, туку и на неговите следбеници: неговиот студент [[Мигел Сервет]],<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.miguelservetinvestigacion.com/ENGLISH/works.html|title=WORKS OF MICHAEL SERVETUS OR MICHAEL DE VILLANUEVA|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> неговиот соработник Франциско Гонзалес Ечевериа, лекарот [[Џон Кајус]], саксонскиот хуманист [[Јанус Корнариус]] и други.