Класична музика во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
поврзница
Ред 16:
Македонската [[музикологија]] ги прави првите чекори низ истражувањата на [[Драгослав Ортаков]] (1928), а првите меѓународни изведби и успеси ги понесоа: оперските пејачки [[Данка Фирфова]] и [[Ана Липша - Тофовиќ]], балерината [[Натка Пенушлиска - Митровска]] и диригентот [[Ванчо Чавдарски]]. Електрониката и употребата на компјутерите во музиката ги внесува композиторот [[Димитрије Бужаровски]] (1952).
 
Операта во македонското музичко творештво се појавува по ослободувањето. Нашата прва национална опера е „Гоце“„[[Гоце (опера)|Гоце]]“ на композиторот [[Кирил Македонски]]. Исто така истиот композитор ја напишал и операта „Цар Самуил“, која користи содржина од минатото на македонскиот народ. Друг наш оперски композитор е [[Трајко Прокопиев]], кој ги напишал оперите: "[[Кузман Капидан (опера)|Кузман Капидан]]" и "[[Разделба (опера)|Разделба]]".
 
По ослободувањето се појавува и првиот македонски балет: „[[Македонска повест]]“ од [[Глигор Смокварски]]. Други музички дела од наши автори се „[[Лабин и Дојрана]]“ од [[Трајко Прокопиев]], „[[Стремежи]]“ од [[Александар Лековски]], „[[Песна над песните]]“ од [[Тома Прошев]], „[[Тоа е човек]]“ од [[Љубомир Бранѓолица]] и др.