Призренска лига: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
многу убави промени
Ред 1:
'''Призренска Лига''' — албанска политичка организација основана на 10 јуни 1878 год. во [[Призрен]], во [[Косовскиот вилает]] во [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]]. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиската Империја, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со [[Албанци]] од интересите на [[Србија]], [[Црна Гора]] и [[Грција]]; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите [[Косовски вилает|Косово]], [[Манастирски вилает|Манастир]], [[Јанински вилает|Јанина]] и [[Скадарски вилает|Скадар]]; формирање воена служба на територијата на [[Албанија]]; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: [[Сами Фрашери]], [[Пашко Васа]], [[Абдул Фрашери]], Марија Петревска како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.
 
== Причини за формирање на Призренската лига ==
 
[[Податотека:League of Prizren building (by Pudelek).JPG|300п|мини|Куќата каде е формирана Призренската лига.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:League_of_Prizren_building_%28by_Pudelek%29.JPG]]
 
[[Источната криза]] започнала со востанието во [[Босна и Херцеговина]] во 1875. година, па преку [[Априлското востание]] ([[1876]]) во [[Бугарија]], [[Разловечкото востание]] (1876. год.) во Македонија, [[Српско-турската војна]] од 1876. год. и завршила со [[Руско-турската]] војна 1877 год. која завршила со [[Сан Стефанскиот мировен договор]] од 3 март 1878 год., а потоа со неговата корекција на [[Берлинскиот конгрес]] (13.06.1878 - 13.07.1878 г.). Источната криза им била од корист на балканските држави и на [[Русија]], со цел да ги оживеат освојувачките планови за Албанија. Со влегување на Русија во војната, опасноста од поделба на Албанија се зголемила. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротистават на балканските држави и големите сили. За таа цел започнале со обиди за подобро организирање на национално движење и за обезбедување на надворешен сојузник. Во мај 1877 год. бил формиран албански комитет со центар во [[Јанина]], а потоа ист таков бил формиран и во [[Скадар]]. Во декември 1877 год. во [[Истанбул]] бил формиран „Централен комитет за одбрана на правата на албанската националност“ или покусо „[[Истанбулски комитет]]“ на чело со [[Абдул Фрашери]]. Со потпишувањето на [[Санстефанскиот мировен договор]] (3 март 1878 г.) било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. Тоа предизвикало револт кај Албанците. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат корекција на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности. Уште во април 1878 год. започнало движење за одржување на општ албански собир во Призрен, што е познат како Албанска или Призренска лига. Веста за одржување на Берлинскиот конгрес ги забрзала подготовките околу заседанието. На 10-ти јуни 1878 год. започнало заседанието на Призренската Лига, на кое присуствуале делегати од сите краишта на Албанија. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци. Во програмата се предвидувало администрацијата на Лигата да ги преземе ингеренциите на државната администрација, да избере органи на власт што требале да воспостават ред и да собираат даноци за да се организираат и вооружени сили. Со своите први акти Лигата презела државни функции за постепено изградување на една автономна албанска држава. [[Високата Порта]] се обидела на Лигата да и даде [[ислам]]ски карактер со протурска ориентација и да ја искористи за одбрана на своите интереси на [[Балкан]]от.
Ред 21:
[[Категорија:Косовски вилает]]
[[Категорија:Отоманска Албанија]]
[[Категорија:Призрен ]]
[[Категорија:Албански револуционерни организации]]