Кобилица (планински врв): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 17:
'''Кобилица''' е врв на [[Шар Планина]]. Висок е 2528 метри и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.
 
==Местоположба==
Поврзан е со [[Црн_Врв_(Шар_Планина)|Црн Врв]] на северо-исток преку кобиличкиот премин (2170 m), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот [[Вртоп]].
 
==Изглед==
Опишувајќи ги врвовите на [[Шар Планина]] во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]], македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] за Кобилица запишал дека е стрмен, совршено мазен правилен конус, до самиот врв покриен со зелени тревници<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 36|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Изгледот на овој врв, иако опфаќа величествен планински поглед на предели и пејсажи, не е толку значителен како од врвот [[Љуботен (планински врв)|Љуботен]], бидејќи го ограничуваат врвовите кои што го опкружуваат<ref name="Ѓорче Петров" />.
 
Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и ''Тетовски Матерхорн'', како споредба со познатиот [[Матерхорн]] на [[Алпите]]. Се гледа од [[Тетово]] и од [[Призрен]].
 
==Искачување==
Врвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање.
 
Ред 32 ⟶ 35:
File:Кобилица, Трескавец и Љубински Уши 01.jpg|Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
File:Кобилица, Трескавец и Љубински Уши 02.jpg|Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
File:Кобилица.JPG|Поглед на Кобилица
</gallery></center>